Filters
Пребарување
АГРАР КО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГРАР КО се занимава со:
Преработка на зеленчук
Производство на оцет (Алкохолен оцет, Вински оцет, Јаболков оцет, Јаболков еликсир & Балсамиран оцет)
Производство на пеперончини полнети со сирење и туна

УНИ ПАБ - најголемата кафетерија во Кочани лоцирана во центарот на градот 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001

HACCP / ISO 22000:2005 

Подетално за компанијата

 
Прехранбена индустрија

АГРАР КО

 

Аграр Ко Кочани, е компанија за произвотство и трговија, лидер во произвотство на оцет во Македонија веќе 20 години, а на европските пазари е присутна со асортиманот на конзервирани производи.

ПРЕРАБОТКА НА ЗЕЛЕНЧУК

 

АЈВАР и печена пиперка КАПИЈА произведени по традиционален македонски рецепт, без конзерванси.

Целовкупниот асортиман го сочинуваат и конзервираните корнишони, цвекло, мешана салата, феферони, брокули, лист од зелка и слично.

ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕПЕРОНЧИНИ

 

Пеперончини пиперка од италијанско семе – Родео. Почнувајќи од откуп на свежи, потоа ставени во саламура и полнети со сирење или туна, овие пикантно лути пиперчиња се популарен деликатес во категоријата антипасти специјалитети. Аграр Ко е најголем производител на пеперончини во Македонија. Користиме исклучиво локални суровини и контролиран синџир на производство со поддршка на фармерите, почнувајќи од периодот на садење, со цел да се запазат стандардите за квалитет и контрола на храната. Во нашите рецепти нема конзерванси и природниот вкус, мирис и боја на производот е зачуван.

ПРОИЗВОДСТВО НА ОЦЕТ

 

Аграр Ко е лидер во Македонија во произвотство на оцет веќе 20 години, со познат квалитет и традиција. Во овој асортиман спаѓаат: прехрамбен, јаболков и вински оцет.

Присутни се и новитети, како Балсамико оцет и ароматиризана комбинација на вински или јаболков оцет со маслиново масло и природни билки.

ИНДУСТРИЈА

 

Целиот асортиман на проиводите на Аграр Ко може да биде спакуван под името на друг бренд, во амбалажа и етикета во согласност со спецификациите побарани од клиентот.

Аграр Ко може да понуди и обработка на зеленчук за индустриските потрошувачи, како полу- готови производи во буриња и лименки подготвени за преработка на храна. Подготвени сме да одговориме на сите Ваши спецификации и барања.

ЛИНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА ЗА ОЦЕТ

Аграр Ко е долгогодишен член на МАП ( Македонска асоцијација на преработувачи ) и соработува со организации чија цел е подобрување на агрокултурата во Источна Македонија.

Нашите брендови и производи се постојано присутни на голем број регионални и светски саеми и бизнис егзибиции. Почнувајќи од Агро-Експо во Скопје со освоени златна, сребрена и три бронзени плакети, потоа WorldFood во Москва, СИАЛ во Париз, АНУГА во Келн, НЕЦ во Бирмингем, како и саеми и форуми во Египет, Тајван, Австралија, САД...

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ѓошо Виќентиев бр. 23,
2300 Кочани - Канцеларии
Ул. Штипски пат бб Кочани - Производство, Магацин
Град: Кочани
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)33/271 030

+389 (0)33/271 040

+389 (0)78/213 012

+389 (0)78/309 092

+44 (0)7460 780 180 - Претставништво во Лондон

Социјални медиуми

Лице за контакт

Јасна Стоимировска +389 (0)77/990 555
Влатко Стоимировски +389 (0)78/215 925


Мапа

Документи