Filters
Пребарување
АГРО БОДИКО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГРО БОДИКО се занимава со примарно земјоделско производство и трговија со земјоделски производи

- Производство на индустриска пиперка, пред се: куртовска капија, гамба и сомборка 
- Откуп, продажба и извоз на земјоделски производи

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Фабрики за преработка на земјоделски производи. Извозници на земјоделски производи 

АГРО БОДИКО дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АГРО БОДИКО

Компанијата АГРО БОДИКО од село Могила, Битола е познато име во македонскиот земјоделски комплекс. Фирмата подолг период се занимава со примарно земјоделско производство, а веќе десеттина години е успешна и во трговијата со земјоделски производи.

agro-bodiko-clubeconomy

ИНДУСТРИСКА ПИПЕРКА

Следејќи ги сигналите од пазарот и потребата да оствариме што поинтензивно и попрофитабилно работење во агро комплексот, веќе неколку години се специјализиравме во производство на индустриска пиперка, што имаше позитивно влијание врз квалитетот и квантитетот на пиперките што ги произведуваме, но и врз финансиските резултати на фирмата.

agro-bodiko-clubeconomy

ИСКУСТВО И КВАЛИТЕТ

За да го зголемиме обемот на производството и за да обезбедиме посигурно снабдување на нашите партнери, производството на индустриски пиперки почнавме да го организираме и на кооперантска основа. На овој начин нашите искуства им ги пренесуваме и на индивидуалните земјоделци кои сакаат да соработуваат со нас. Имаме подобар и поизедначен квалитет на пиперките, нашите традиционални купувачи се позадоволни, а земјоделците се сигурни дека ќе го продадат своето производство, најчесто за поголема цена.

agro-bodiko-clubeconomy

ГАМБА И СОМБОРКА

Последниве години АГРО БОДИКО најмногу ги произведуваме сорти куртовска капија, гамба и сомборка, кои во моментов се најбараните сорти индустриски пиперки на пазарот. Особено е интересна сомборката, која е препознатлива по гарантираниот квалитет.

agro-bodiko-clubeconomy

10 ГОДИНИ УСПЕШНО СОРАБОТУВАМЕ

Со откуп и продажба на земјоделски производи АГРО БОДИКО запоцна во 2007 година и веќе десет години успешно соработуваме со партнери на домашниот и странскиот пазар. За да бидеме успешни и во овој домен на агро коплексот целосно се екипиравме за да можеме да организираме брз откуп на земјоделските производи, нивно сорирање и калибрирање, пакување и на крај свежи и квалитетни да им ги испорачаме на партнерите и на пазарот.

Отворена за соработка, респектибилни количини, квалитет.

agro-bodiko-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Кирил и Методиј,
село Могила, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Борче Мешковски


Мапа