Filters
Пребарување
АКВА ПЛАНЕТ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АКВА ПЛАНЕТ се занимава со:

  • Проектирање, изведба и комплетно реновирање на станови, работни простории
  • Голем избор на галантерија и опрема за купатила од најпознатите произведители во Европа
  • Широк асортиман на WC даски од брендот HARO
  • Бои и лакови, железарија, браварија, електро материјали, машини и алати
  • Производство на ПЕ фолии наменети за градежништвото и индустријата, продажба на стреч фолија

Најголемиот дел од асортиманот на нашите производи е од брендот Ideal Standard и VIDIMA, за чии батерии сме и овластени сервисери

Нов продажен салон со производи од асортиманот на IDEAL STANDARD

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Градежни фирми, правни и физички субјекти 

АКВА ПЛАНЕТ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата АКВА ПЛАНЕТ ја создадовме во 2001 година како семејна фирма, за набргу да прераснеме во компанија со 24 вработени, сместени во простор од 800 м2, каде што можeте да најдете повеќе од 2.000 различни артикли наменети за одржување, опремување и уредување на вашиот животен и работен простор. Нудиме голем избор на галантерија и опрема за купатила од најпознатите произведители во Европа, како и богат избор на бои и лакови, железарија, браварија, електро материјали, машини и алати.

Тимот на АКВА ПЛАНЕТ, во секое време ви стои на располагање и со своето искуство и знаење ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор што целосно ќе ги задоволи Вашите потреби. Покрај тоа АКВА ПЛАНЕТ се занимава и со производство на ПЕ фолии наменети за градежништвото и индустријата, како и со продажба на стреч фолија.

akva-planet-clubeconomy

Слободно може да кажеме дека сервисирањето, монтажата и одржувањето на водоводните инсталации е предходник и основата во создавањето на АКВА ПЛАНЕТ. Овој занает, како семејна традиција, е носечка сила на нашата компанија. Искуството што го стекнавме низ работењето во оваа област, ни помогна да ги согледаме потребите на нашите ценети купувачи и да бидеме во состојба да им дадеме комплетна услуга. Со еден збор создадовме место каде што можете да најдете се што ви е потребно за Вашата бања, водовод,...при изградна или реновирање на домот или деловниот објект, но тука е и нашиот тим да ги резализира во реалност Вашите желби и потреби.

Со цел да бидеме што е можно попрофесионални, вработивме стручни лица - дипломирани инженери архитекти кои поседуваат лиценца „Б“ за проектирање и изведба.

akva-planet-clubeconomy
akva-planet-clubeconomy

АКВА ПЛАНЕТ располага со тим од десетина искусни водоинсталатери кои се оспособени да извршат стручен сервис и монтажа на вововодната инсталација кога градите или го реновирате вашиот животен или работен простор, како и тогаш кога ќе ви се јават проблеми во водоводната мрежа.

АКВА ПЛАНЕТ изведува комплетно реновирање на станови, работни простории и на сите други деловни објекти. При проектирањето изработуваме и три-димензионална анимација, со што добивате целосна слика за просторот уште пред неговата изведба.

akva-planet-clubeconomy
akva-planet-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Партизански одреди бр. 91, 1000 Скопје

Продажен салон IDEAL STANDARD - Ул. Париска бр.15/2 лок. 1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3078 949

+389 (0)2/3077 007

+389 (0)2/3051 051 - Продажен салон IDEAL STANDARD 

+389 (0)71/272 980

+389 (0)71/312 938

+389 (0)70/228 516

Социјални медиуми

Лице за контакт

Оливера Муакетова дипл. инг. арх.
Павле Јамандиловски
Звонко Ошавковски


Мапа