
Подетално за компанијата
ФАМИЛИЈА ПОПЕВСКИ, ТРАДИЦИЈА ОД 1912 ГОДИНА!
Фамилијата Попевски со трговски активности почнуваат во Солун, Прилеп и Битола уште во 1912 година. Помладата генерација ја продолжува традицијата со трговија во 90-те години на дваесеттиотвек, за во 2021 година Душан Попевски да го основа најновиот холдинг, со цел продолжување на трговские активности со најнови иновативни технологии во областа на електричните возила и соларната енергија.
Бидејќи иднината е сега, најновите технологии ќе ги направиме достапни на пазарот во нашата држава и ќе бидеме секогаш во тек со најновите иновации во областа и пошироко.

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
Соларната енергија е потреба која ден порано мора да биде искористена бидејќи е чиста енергија, без загадување, а овозможува производство на електрична енергија која ни е сè повеќе потребна. Нашата држава се наоѓа на одлична локација со многу сончеви денови, потенцијал кој треба да биде искористен.
Електрична енергија преку фотоволтаични панели може да се произведе за сопствени потреби во Вашата куќа, викендица, стан, приколка, шатор, па дури и на Вашите бродчиња или трајлер возила. Малку поголемите системи овозможуваат производство на електрична енергија која може да се понуди за продажба во нашаат држава и странство, пред сè 100% еколошки и без шетни емисии.

100% електрични возила, прифатени од природата
Тие немаат штетни влијанија, дури 0% емисии, прифатени се од луѓето со еколошка свест и потреба за поекономичен транспорт, без бука и вибрации, без мириси и без потреба за одржување со менување на масло кое може да заврши во природата или на улиците во градот.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 132a,
1000 Скопје - Центар
Град: Скопје
Држава: Македонија