Подетално за компанијата
АНДРОС ФАРМ
АНДРОС ФАРМ е компанија која го произведува брендот AVAKS, еден од водечките брендови за куќна хемија во Македонија. Брендот располага со широка палета на производи за одржување на беспрекорна хигиена во домот, потоа козметика за лична хигиена, авто козметика, за професионално чистење и средства за дезинфекција. Покрај AVAKS, кој веќе израсна во балкански бренд, АНДРОС ФАРМ на пазарот настапува и со брендовите: Andros и Softly.
АНДРОС ФАРМ Охрид е компанија која ги бележи своите почетоци уште во 1997 година. Денес е еден од најголемите капацитети на Балканот за производство на производи од областа на куќната хемија и козметика.
ТЕХНОЛОГИЈА
Во производството користиме знаење и технологии од германските фирми: КОГНИС, КЛАРИЈАНТ и ДРОМ, а сите суровини што ги употребуваме во производствениот процес се од строго контролирано западно-европско потекло. Нашите производи не се тестирани на животни. Користиме суровини кои одговараат на европските стандарди за заштита на човекот и природата и не случајно нашето мото е - ПРИЈАТЕЛИ НА ПРИРОДАТА.
висок квалитет
Последниве години АНДРОС ФАРМ постојано има разни инвестиции во производните капацитети, континуирано ја прошируваме продажбата во соседните земји, а наскоро и пошироко. Зголемувањето на побарувачката од година во година е најголема потврда за високиот квалитет, безбедноста и ефикасноста на произвоидте на АНДРОС ФАРМ. Најголема цел компанијата е да обезбеди врвен квалитет, по прифатливи цени, како и унапредување на односите со купувачите со цел да одговориме на нивните барања.
Почитувани потрошувачи, компанијата АНДРОС ФАРМ постои за Вас и AVAKS, Andros и Softly производите ги правиме со многу љубов!
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 15 Корпус бб, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Macedonia