Filters
Пребарување
АРТИФЕКС доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АРТИФЕКС се занимава со производство на мебел по нарачка. Произведуваме модерен, есклузивен мебел за:

- Кујни
- Дневни соби
- Спални соби
- Детски соби
- Антреа
- Канцеларии и деловни објекти

Подетално за компанијата

Компанијата АРТИФЕКС произведува есклузивен мебел по нарачка и ентериерно опремување на секаков вид објекти. Користиме квалитетни материјали, а нашиот тим на архитекти ги следи најновите светски трендови во дизајнирањето на мебел и ентериери. АРТИФЕКС е технички и кадровски опремена да испорача целосна услуга, од проектирање на ентериерот според вашите желби, до изработка на мебелот и сите потребни елементи, монтажа и опремување на просторот во целина.

artifex-clubeconomy
artifex-clubeconomy

МЕБЕЛ ПО МЕРКА

Нашата приказна започна со визија да произведеме уникатен, единствен мебел, со голем квалитет, приспособен на желбите на клиентите и на нивниот простор, кој ќе биде достапен за сите. Затоа во АРТИФЕКС секојдневно ги следиме најновите технологии за дизајнирање и изработка на мебел за да можеме на клиентите да им понудиме мебел од соништата, како и удобност и функционалност во домот или работни простории. Комбинирајќи ја иновативната технологија за дизајн со долготрајното искуство на тимот во производствениот процес, произведуваме мебел со највисок квалитет, по најповолни цени.

ИСКЛУЧИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ

Во АРТИФЕКС сме секогаш среќни кога на клиентите можеме да им понудиме извонредни идеи за уникатни парчиња мебел, произведени со најквалитетни материјали. Изработуваме мебел од масивно дрво, иверица и медиапан кој ќе трае со генерации.

artifex-clubeconomy
artifex-clubeconomy

ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА

Производната програма на АРТИФЕКС ја сочинуваат најразлични плакари, комоди, трпезариски и клуб маси, библиотеки, декорации... за:

• Дневни соби

• Спални соби

• Детски соби

• Кујни

• Предосбја

• Канцеларии

• Угостителски објекти

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Здуње, 1230 Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/617 330

Социјални медиуми

Лице за контакт