
Подетално за компанијата
Основна дејност на компанијата БАКАТ дооел од гевгелија е проектирање, изработка и сервисирање на индустриски разладни системи врз база на амоњак и фреон. Нашиот тим го сочинуваат експерти за:
- Инсталирање на индустриски ладилни инсталации (амоњачни и фреонски)
- Сервисирање на индустриски ладилни инсталации
- Целосна техничка поддршка во изборот на квалитетна ладилна опрема и изработка на комплетни едноставни технички решенија со комплетна потребна документација
- Редовно одржување на инсталираните системи за ладење и брзо смрзнување
- Вршиме PLC автоматизација на нови и веќе постоечки разладни системи (контролирање на работата на ладилните инсталации, протисок и температура)
- Инсталираме SCADA програми поврзани со PLC контролерот што овозможува потполна контрола, следење и по потреба менување на потребните параметри на ладилните ситеми овозможено преку интернет пристап


БАКАТ дооел – Гевгелија е дел од групацијата АЛТРА која на македонскиот пазар е присутна од 2009 година. Нашите проекти се орјентирани кон потребите на компаниите кои имаат потреба од ладилници, како комори за одржување на производите, комори за брзо смрзнување на овошје, аленчук и месо.
Модерните разладни инсталации бараат висок степен на стручно познавање и искуство во монтирањето на вакви инсталации, водејќи сметка за почитување на постоечките законски регулативи од областа на екологијата и заштита на животната средина. Инвеститорите на разладните инсталации добиваат максимална помош во процесот на анализи и избор на потребната разладна технологија, со максимално почитување на принципите за енергетската ефикасност и еколошка прифатливост. Користиме опрема од светски реномирани производители.


Области од индустријата што ги покриваме:
• млечна индустрија (прием и складирање на млеко, пастеризација, брзо ладење и замрзнување на млечни производи, вклучително и замрзнати млечни десерти)
• месната индустрија (ладење, брзо ладење и замрзнување и краткорочно и долгорочно складирање на месо и месни производи)
• индустрија за замрзнат зеленчук и овошје (пред-ладење, континуирано замрзнување и складирање)
• чилери, постројки за ладна вода
• топлински пумпи (дизајн, примена)вода-вода, воздух-вода и воздух воздух
• производство на пијалаци и сокови (процеси на ферментација, пастеризација, ладење и складирање)
• индустрија за алкохолни пијалаци (ферментација и дестилација на алкохолни суровини)
Фотоволтаичени системи - економично снабдување со енергија
ПРЕДНОСТИ НА ФОТОВОЛТАИЦИ
- Намалување трошоците за енергија
Користење ја најевтината форма на енергија.
- Зголемување на енергетската независнос
Производство на сопствена електрична енергија независно, од пазарот.
- Помали емисии на CO2
РЕШЕНИЈА ШТО ГИ НУДИМЕ
- Анализа на потрошувачката на енергија како би можеле да понудиме најдобри решенија за вашите потреби
- Соларни централи - извршување работи по системот КЛУЧ НА РАКА (целокупната потребна документација, елементи, монтажа и поврзување во систем)
- применети соларни технологии и решенија
- индустриски батерии и системи за складирање на енергијата
- енергетски решенија, иновации
Изведбите и материјалите ни се со висок квалитет
- Инвертири FRONIUS и SUNGROV
- Монокристални панели LUXOR (животен век повеќе од 25 години)
НАЈДОБАР СООДНОС КВАЛИТЕТ - ЦЕНА


Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 97, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Трајко Алчинов
Мапа
Документи
