Filters
Пребарување
БАТЕРИ ЕВОЛУШН дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Батери Еволушн дооел Скопје е генерален i ексклузивен увозник и дистрибутер на најголемите брендови на акумулатори и батерии во светот: Exide technologies group, Rombat by Metair, Hagen Germany, Sonnenschein, Marathon, Powerfit, Unibat, Dynavolt и други

Со над 200 продажни места на цела територија на Македонија ги снабдуваме сите генерални увозници на автомобили, современи производни компании, аеродроми, модерни дистрибутивни центри, телекомуникациски компании, соларни системи, лиценцирани, општи и специјализирани сервиси во земјата...

БАТЕРИ ЕВОЛУШН дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата БАТЕРИ ЕВОЛУШН дооел Скопје, основана во 2008 година, е најголем увозник и дистрибутер на сите видови батерии за: транспортни, комерцијални и товарни возила, градежна механизација, системи за складирање енергија, соларни системи, УПС, системи за непрекинато напојување, електрични вилушкари и дигалки, електрични возила... Покрај дистрибуцијата, основна дејност на компанијата е инсталација, сервис, оддржување и проектирање на сите видови батериски системи.

Асортиманот се состои од батерии и акумулатори од најголемите светски производители: Exide Technologies Group, Rombat, Evolution, Varta, Landport, JYC, Felicity Solar, BYD... Со продажба од над 100.000 батерии годишно во Македонија и ширум Балканот и постојана залиха од над 30.000 батерии, БАТЕРИ ЕВОЛУШН е лидер во снабдувањето со батериски системи.

battery-evolution-clubeconomy

БАТЕРИ ЕВОЛУШН е официјален и овластен застапник за најголемиот бренд на европскиот пазар – Exide Technologies Group, повеќе од 15 години. Exide е компанија со историја од над 130 години и е носител на индустријата за батерии во светот. Фабричките акумулатор за Mercedes, BMW, AUDI, VW, Seat, Porsche, Toyota, Ford, IVECO, Volvo, Scania, John Deer…, како и целосниот асортиман на Exide Technologies за најновите старт-стоп и конвенционални возила, камиони, агро-механизација... може да ги најдете во продажните места ширум Македонија.

Rombat е еден од најпознатите производители на оригинални фабрички акумулатори во Европа и докажан партнер на Renault France, групацијата (Renault, Dacia, Nissan). БАТЕРИ ЕВОЛУШН е официјален и овластен застапник за Rombat повеќе од 10 години. Овој бренд ја има титулата - Најпродаван акумулатор во Македонија.

battery-evolution-clubeconomy

Evolution Premium & Evolution Start-Stop, официјален бренд на БАТЕРИ ЕВОЛУШН - батерии произведени во најголемите фабрики во Германија и Италија. Бренд кој покрива 95% од потребите на автомобилскиот пазар. Со напредна технологија која овозможува 30% поголема стартна моќност. Овие акумулатори се совршено и економично решение за старт-стоп и конвенционалните возила.

Како овластен застапник за Varta Clarios, БАТЕРИ ЕВОЛУШН располага со целосниот асортиман на еден од најголемите брендови во светот на акумулаторите, Varta. Акумулаторите Varta се целосно произведени во Германија и се поим за квалитет на пазарот.

battery-evolution-clubeconomy

Индустрискиот сектор на БАТЕРИ ЕВОЛУШН опфаќа целосна инсталација, проектирање, сервис и одржување на батериски системи за непрекинато напојување кај телекомуникациските постројки, УПС, централите за производство на електрична енергија, дата центри, железничка инфраструктура, алармни и безбедносни системи. Батериските системи за овие намени се произведени од најголемите светски компании во оваа област: Exide Technologies Group, Sonnenschein, JYC, Landport.

Со тракциските батерии произведени од најголемите светски фабрики на Exide Technologies, Sonnenschein, JYC, Landport, Hoppecke, БАТЕРИ ЕВОЛУШН обезбедува целосно напојување за електричните вилушкари, платформи, дигалки, машини за чистење и останати електрични возила.

Следејќи ја транзицијата кон обновливте извори на енергија, БАТЕРИ ЕВОЛУШН е прва компанија во Македонија која што нуди системи за складирање на енергија базирани врз литиумски или оловно-киселински батерии од 5 kWh, па до 1 MWh, со гаранција до 10 години и животен век над 15 години. Целосна инсталација, проектирање, сервис и одржување на системите за складирање енергија. Со хибридните фотоволтаични системи и батериите за складирање енергија го трасираме патот кон вистинска енергетска независност за домаќинствата. Целосна изведба, проектирање, сервис и одржување на хибридни фотоволтаични системи со литиуски или гел батерии за складирање на енергијата од соларните системи.

battery-evolution-clubeconomy
battery-evolution-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 3та Македонска ударна бригада бб, Комплекс „Раде Кончар“, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Анџело Василевски


Мапа

Документи