Подетално за компанијата
БАУТЕК ДОО
Друштвото за трговија, услуги и градежништво БАУТЕК ДОО увоз - извоз Скопје е основано со цел новите трендови во технологијата за печатен бетон кои егзистираат во светот да ги приближиме до македонскиот пазар. Сето она што е ново во доменот на печатениот бетон, БАУТЕК како специјализирана компанија за изведба на печатен бетон, се обидува да го донесе на македонскиот пазар и секако да го реализира.


генерален застапник
БАУТЕК е единствен и генерален застапник на грчките компании Borovas Group SA и STONECRETE. Материјалите со кои работиме и кои ги користиме при изведба на печатениот бетон се висококвалитетни. Декоративниот печатен бетон како основа ја користи свежата бетонска маса, која по обработката со специјални бои и печати, добива архитектонско декоративен ефект со карактеристичен релјеф и боја. Со комбинација на голем број бои, текстури, форми и дезени се оплеменува бетонската површина, при што на околината се остава класичен, модерен или современ печат поблизок до природата и желбите на човекот.
Печатен бетон
Печатениот бетон со специфичната обработка, материјалите кои се употребуваат при неговата изведба, како и монолитноста на обработената површина, ги елиминира недостатоците на досега употребуваните системи за завршна обработка на подните површини. За предности на печатениот бетон се сметаат: брзината на изведба, монолитноста на обработената површина, зголемена отпорност на абење, отпорноста на абсорпција на вода, масла и масти, отпорност на големи температурни разлики, мраз, атмосферски влијанија и друго.


STYLE OVERLAY
Печатениот бетон се препорачува за завршна декоративна обработка на: тротоари, плоштади, улици, паркинзи, индивидуални дворови, пристапни рампи, ресторани, кафе барови, тераси, базени за пливање, шопинг центри, историски објекти... Печатениот бетон може да се користи на постоечка бетонска подлога со претходно нанесување на специјален STYLE OVERLAY систем со дебелина од 7 мм до 25 мм.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Скупи 3 бр. 21, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia