Почетоците на БиБ УНИКООП датираат уште од 1988 година, кога беше замислено да работи како универзална задруга која ќе ги снабдува занаетчиите со потребните материјали и делови. Во 1991 година се трансформира во претпријатие со тесна специјалност за трговија со лежишта.
После неколку години успешна работа со шведската компанија SKF, која во светот е бренд број еден во оваа област, во нашата понуда го вклучивме целосниот асортиман на производи и услуги од SKF. Посветеноста во работата и максималната лојалност во партнерските односи, резултираше да станеме овластен дистрибутер на SKF, што беше круна на нашата успешна соработка.