Filters
Пребарување
БЕТА МЕДИКО ТРАДИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БЕТА МЕДИКО ТРАДИНГ е веледрогерија за увоз, дистрибуција, застапување и регистрација на медицински производи и медицински помагала. Во рамките на БЕТА МЕДИКО ТРАДИНГ работат и филијалите:

- Аптеки БЕТА ФАРМАЦИЈА
- Оптики БЕТА ОПТИК
- Продавници за ексклузивен накит БЕТА ЏУЛС

БЕТА МЕДИКО ТРАДИНГ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Бета Медико Традинг

Веледрогерија за увоз, дистрибуција, застапување и регистрација на медицински производи и медицински помагала. Во рамките на Бета Медико Традинг работат и филијалите: Аптеките БЕТА ФАРМАЦИЈА, Оптиките БЕТА ОПТИК, продавниците за ексклузивен накит БЕТА ЏУЛС. Кај нас работите ги почнуваме „од себе“. Најдоброто „за себе“ ви го обезбедуваме вам, наши ценети соработници и потрошувачи. Се занимаваме со увоз, дистрибуција и трговија на производи од областа на: офталмологија, оптика, респираторна терапија, лабораториска и микробиолошка дијагностика, алергенски производи, хируршки инструменти и производи за интерна медицина, се за бебиња, гинекологија, акцесоари.

beta-mediko-clubeconomy
clubeconomy

БРЕНДОВИ

Долгогодишниот успех е резултат на нашиот тим кој со голема посветеност, страстно и одговорно ги следи најновите технолошки трендови и ги носи директно до вас. Денес на македонскиот пазар ексклузивно ви ги доставуваме: AMO Abbott, PHILIPS Respironics, Ciba Vision, Allergopharma, SMITHS MEDICAL, ORGENICS, GEUDER, ALERE Unipath, PELICAN HEALTHCARE, Cartier, Misaki...- имиња што гарантираат традиција, доверба и квалитет.

БЕТА МЕДИКО

Нашата приказна започна во 1995 година. БЕТА МЕДИКО е застапник за Македонија на неколку глобални, врвни фармацевтски компании. Постоиме за клиенти кои го сакаат најдоброто за своето и здравјето на своите најблиски. Нудиме единствено револуционерни производи во својата област, последна технологија на светскиот пазар на производители чие име е гаранција за беспрекорен квалитет.

Две години од отворањето, заради драстичен пораст на дејноста, се регистриравме како единствен застапник и дистрибутер на поголемиот дел од светски реномираните производители, со кои одлично соработуваме и денес. Напорно работиме за обезбедување иновативни производи на пазарот кои ќе овозможат подобрување на здравјето и квалитетот на живот на корисникот и продолжуваме да бараме нови можности и перспективи, неуморно, секој ден..

clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 29-ти Ноември 13-1/1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи