Filters
Пребарување
БОСУТ доо
Е-пошта: info@bosut.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БОСУТ се занимава со производство на заштитна опрема

- Широк асортиман на работна облека за сите дејности, со специфични доработки: огноотпорност, антистатика, висока видливост
- Safety програма
- Лепени програми Simpatex и Goratex

СЕРТИФИКАТИ

EN ISO 2801
EN 530
EN ISO 13934-1
EN ISO 1611
EN 531

Подетално за компанијата

БОСУТ

БОСУТ е семејна фирма основана во 2007 година во Куманово, со примарна дејност производство на висококвалитетна заштитна ХТЗ опрема. Седиштето, главното производство и комплетната логистика е лоцирано во општина Куманово, со вкупно 220 вработени. Компанијата БОСУТ свои производствени погони имаме и во општина Ранковци, со 70 вработени и во општина Кратово, со 96 вработени. Во нашата палета на производи спаѓаат работни панталони, работни јакни и работни униформи произведени од најквалитетни материјали кои се огноотпорни, водоотпорни и антистатични. Работиме и на специјални видови модели, познати како лепена програма на Simpatex и Goratex. Сите производите се со голем и долгогодишен квалитет кои ги задоволуваат потребите и стандардите на западноевропските пазари. Голем дел од производите пласираме на пазарите во Германија.

bosut-clubeconomy

Уште од самото основање на БОСУТ јасно ги дефиниравме основните цели по кои ќе работиме, а тие се: производство базирано врз квалитет и задоволство на клиентите и постојан стемеж да станеме лидери во производството на заштитна опрема во регионот. Стриктното придржување кон овие определби резултираше со можност да изградиме нов производствен објект од 3000 м2 корисна површина, кој беше пуштен во употреба во 2013 година.

bosut-clubeconomy
bosut-clubeconomy

Преку примање на високообразовани млади кадри од областа на текстилната индустрија, постојаните обуки и соработката со повеќе консалтинг фирми од Германија за поставување нов систем на производство, успеавме да создадеме успешен квалификуван работен тим и добивме квалитетен производ, кој може во секој момент да биде конкурентен на пазарот во Западна Европа, во сите домени на нашето производство. Исто така, на почетокот на 2015. отваривме нов изложбен салон за сите артикли во доменот на заштита и спасувањето, во кој, купувачите во секој момент може да ги видат нашите производи, како и други артикли од познати светски брендови во областа на заштита и спасување.

bosut-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Народна револуција бр. 350,
1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)31/453 877

Социјални медиуми

Лице за контакт

Бранимир Стефановски


Мапа