Filters
Пребарување
ДАР - МАР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАР - МАР се занимава со изведување завршни градежни работи

- Реновирање на вашата куќа, стан, деловна просторија
- Рушење ѕидови, отворање отвори, кршење плочки, фрлање шут
- Изведување и вадење кошулици и бетонски скали
- Изведување на водовод, ѕидање и молерисување
- Селидби

Подетално за компанијата

ДАР – МАР

Сакате нов изглед на вашата куќа, стан, деловни простории..., но не знаете како да го изведете тоа? Тогаш сте на вистинското место. ДАР – МАР ќе го реализира она што вие ќе го посакате и тоа професионално, брзо, ефикасно, точно, квалитетно и евтино. Нашиот тим ќе ги оствари сите ваши желби, а со својата стручност ќе ви помогне да ги одберете најоптималните, насовремените и најефективните решенија. Нашите мајстори работите ги изведуваат до перфекција, а најголемо задоволство ни е кога на крајот нема да можете да го препознаете просторот што сте ни го довериле за реновирање.

dar-mar-clubeconomy
dar-mar-clubeconomy

„клуч на рака“,

Реновирањето од секогаш било многу покомплицирана операција од градењето. Затоа ДАР – МАР работите ги изведува по принципот „клуч на рака“, односно имаме тим од професионалци кои можат да ги реализираат сите потребни фази, а ваше е само да ни ја доверите работата и со наша помош да го дефинирате она што сакате да биде изведено. Ние сме опремени да ги изведеме и најтешките работи во редизајнирањето на просторот, како што се: рушењето ѕидови, отворањето нови отвори, кршењето на старите плочки, рушењето на бетонски скали, вадењето на старите кошулици или стариот малтер... и секако фрлањето на шутот.

завршни работи во градежништвото

Обучени сме и за изведување на сите завршни работи во градежништвото, како што е: ѕидање, изведување на сите неопходни инсталации, поставување нови кошулици, малтерисување, местење плочки, бојадисување... Вие само треба да го дефинирате материјалот и елементите кои треба да бидат вградени и да го оставите тимот на ДАР – МАР да ја изведе работата до перфекција. Проектите што до сега ги имаме реализирано и бројор на задоволни клиенти, најдобро зборуваат за нашата успешност, професионалност, доследност кон роковите и конкурентност во цените.

dar-mar-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Методија Шаторов Шарло бр.26 , 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)72/261 590

Социјални медиуми

Лице за контакт