Filters
Пребарување
ДАВКА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАВКА се занимава со опремување на училишта, детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки… со:

- Училишно-спортски помагала
- Инвентар
- Мебел
- Подна подлога ТАТАМА

Книжарница и фотокопирница ДАВКА

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки…

Подетално за компанијата

ДАВКА

Основна дејност на компанијата ДАВКА е опремување на училишта со училишно-спортски помагала, детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки, домови за стари лица …, како и продажба на книги, учебници, училишен прибор, канцелариски катеријали, училишен и канцелариски мебел.

Нудиме најсовремени модели на наставни помагала и реквизити за олеснување на наставата и подобра едукација на учениците, како и најсовремени иновативни методи на учење за подигање на нивото во образованието, со привлекување на вниманието на учениците и поттикнување на инспирацијата за проширување на нивното знаење.

davka-clubeconomy
davka-clubeconomy

ПАРТНЕРИ

Компанијата ДАВКА е формирана 1992 година. Во долгогодишната работа со училиштата и факултетите стекнавме доверба кај голем број од нив, а воедно и кај нашите добавувачи, како, на пример, ТИГАР од Пирот, кој за ДАВКА изработува топки за кошарка, фудбал, одбојка, ракомет и детски топки за одделенска и предучилишна возраст на кои е вметнато логото на компанијата. Воедно, за Македонија сме застапници на компанијата 3B, со седиште во Хамбург, која е водечка во Европа за производство на наставни помагала.

Во изминатиот период имавме плодна соработка со неколку: CRS, USAID, IOM и други.

ПРОЕКТИ

Поголеми проекти кои ги реализираше ДАВКА:

- Опремување на 250 основни училишта преку проектот Модернизација на образованието 2 фаза, склучен со Министерството за образование, во септември 2010 година.

- Опремување на кабинетот за нега на болен за медицинското училиште во Штип, кој беше донација од јапонската влада.

- Опремување на музичкиот кабинет и целиот инвентар во библиотеката на гимназијата во Кочани, што беше донација од USAID.

- Целосно опремување со клупи и столчиња на средното фискултурно училиште “М. М Брицо” од Скопје, преку Министерството за образование.

- Склучени се повеќе од 250 договори за набавка на наставни помагала за проектот „Модернизација на образованието”.

- Склучени се десетина договори со Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, за набавка на нагледни средства.

davka-clubeconomy

КАТЕГОРИИ НА ПРОИЗВОДИ

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Широк дол бр. 40, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сашо Давков


Мапа

Документи