Filters
Пребарување
ДБ ШЕНКЕР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

DB Schenker е светски водечки глобален обезбедувач на логистички услуги - ја поддржуваме индустријата и трговијата во глобалната размена на стоки преку копнен транспорт, железнички, авионски и океански транспорт, без оглед на големината и природата на бизнисот и без разлика колку се сложени активностите.

Европска логистика без граници. Дигитално. Брзо. Сигурно. Насекаде!

 

Подетално за компанијата

Европска логистика без граници.

Дигитално. Брзо. Сигурно. Насекаде!

Повеќе од 140 години, DB Schenker ги поместува границите на индустријата за логистика и управување со синџирот на снабдување. Обезбедуваме илјадници производи за клиентите кои што се фокусирани на изнаоѓање најдобро решение за превоз.

Ефикасноста и високите стандарди се клучни за вашиот и нашиот успех. Во DB Schenker, имаме експертиза да управуваме со логистичките и транспортните услуги, сите од едно место. Без оглед на големината и природата на бизнисот и без разлика колку се сложени активностите, ќе се погрижиме за логистиката со копнен транспорт, железнички транспорт, авионски транспорт и океански транспорт.

  • Копнен транспорт

    db-schenker-clubeconomy

    Производите и услугите за копнен транспорт на DB Schenker покриваат широка мрежа. Било дали ви треба копнен транспорт, железнички транспорт или и двата. Со нашите шпедитерски решенија, вашите пратки ќе бидат испорачани каде и да е потребно, навремено и сигурно. Со 730 филијали за копнен транспорт низ цела Европа, производите и услугите за копнен транспорт на DB Schenker опфаќаат широка мрежа.

  • Авионски транспорт

    db-schenker-clubeconomy

    Со глобална мрежа и напредни логистички решенија, услугите што ги нудиме во доменот на авионскиот транспорт овозможуваат сеопфатни решенија за сите потреби за воздушен транспорт на карго пратки. Можеме да ви ги пренесуваме карго пратките насекаде низ светот. Без разлика кое е одредиштето на стоките и каква е временската рамка. DB Schenker е водечки обезбедувач на авионски транспорт на пазарот со широко распространета мрежа низ целиот свет. Мрежата за авионски транспорт на DB Schenker покрива 700 места во 130 земји. Во однос на статистиката од досегашните достигнувања, нашиот тим има над милион тони успешно доставени карго пратки по воздушен пат. Всушност, ние сме силен партнер на повеќе од 700.000 клиенти – клиенти како вас.

  • Океански транспорт

    db-schenker-clubeconomy

    Со океанскиот транспорт на DB Schenker се испорачуваат повеќе од 5.500 контејнери на ден до пристаништата во целиот свет, што нѐ прави водечкиот шпедитер за пратките од океански транспорт. Во DB Schenker, производите за шпедиција на океански транспорт што ги нудиме ги олеснуваат глобалните односи на повеќе од 700.000 корисници во 130 земји.

  • СЕНЗОРСКА ТЕХНОЛОГИЈА (Smartbox)

    db-schenker-clubeconomy

    Со оваа обемна услуга, ќе добиете детален преглед на товарот - во кое било време, во целиот свет и со следење во реално време. Семејството на DB SCHENKER smartbox нуди и сродни услуги за сите видови транспорт, вклучувајќи ги аеротранпортот и железничкиот транспорт.

  • Договорна логистика/SCM

    db-schenker-clubeconomy

    DB Schenker е глобален лидер во договорна логистика. Имаме околу 24.500 вработени на речиси 750 локации и складиштен простор од вкупно 8 милиони квадратни метри во повеќе од 50 земји на сите континенти. Оваа широка мрежа ни овозможува да понудиме приспособени логистички решенија за индустријата и трговијата. Нашиот опсег на услуги ги вклучува сите фази на синџирот на вредност, од набавка, производство и дистрибуциска логистика, до услуга по продажбата. DB Schenker нуди и други дополнителни услуги, како што е царинско посредување.

  • Саеми и изложби

    db-schenker-clubeconomy

    DB SCHENKER fairs - комплетната организација на учество на трговските саеми. На излагачите коишто бараат сигурен партнер којшто ќе работи во заднина, со задоволство им нудиме логистички услуги за конкретни трговски саеми. Не само што можеме да се потпреме на децениско искуство, туку сме и присутни на лице место со локалните канцеларии на DB Schenker во сите најважни локации за саеми.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 36, бр. 1, Индустриска зона Илинден,
П. Фах 3, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3107 655

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа