Filters
Пребарување
ДОКА ТЕКСТИЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДОКА ТЕКСТИЛ се занимава со производство на облека трикотаж за странскиот и македонскиот пазар. Производните погони на ДОКА ТЕКСТИЛ ги исполнуваат сите потребни европски стандарди утврдени за текстилната индустрија. Компанијата има целосно опремен синџир на работа - од кроење, шиење, контрола, пеглање и пакување на готовите производи. Капацитет на производство од 5.000 до 7.000 парчиња дневно. Најзначајни партнери ни се компании од германскиот, англискиот и грчкиот пазар.

Подетално за компанијата

ОСНОВАНА ВО 2009 ГОДИНА

Компанијата ДОКА ТЕКСТИЛ доо е основана во 2009 година од господинот Тони Пандев. Почнавме со 30 машини и 50 вработени и успешно работевме произведувајќи трикотажна облека за домашниот и странскиот пазар.

doka-textil-clubeconomy
doka-textil-clubeconomy

СИСТЕМОТ LOHN

ДОКА ТЕКСТИЛ ја концентрираше својата работа на системот Lohn, каде што купувачот ги снабдува сите потребни материјали, а ДОКА ТЕКСТИЛ како производител го обезбедува трудот, по што купувачот ги извезува готовите производи. Нарачките за европскиот пазар се секогаш успешно и навремено испорачани. Исто така, ДОКА ТЕКСТИЛ има своја линија на модели и е во можност сама да ги набавува потребните материјали и да врши директен извоз во европските земји.

СОПСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ

Во текот на годините ДОКА ТЕКСТИЛ инвестираше многу во изградба на своите капацитети. Наша најголема инвестиции се двете нови фабрики кои ги исполнуваат сите потребни европски стандарди утврдени за текстилната индустрија. Тие се лоцирани во индустриската зона Раброво во општина Валандово, во непосредна близина на Бугарија и Грција, а што е уште поважно, аеродромот и пристаништето во Солун се одалечени само 90 километри.

doka-textil-clubeconomy
doka-textil-clubeconomy

КАПАЦИТЕТ

Денес ДОКА ТЕКСТИЛ е голема компанија, со повеќе од 200 вработени и целосно опремен синџир на работа, со дневно производство од 5.000 до 7.000 парчиња облека.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Маршал Тито бб, 2462 Јосифово, Валандово
Град: Валандово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа