Filters
Пребарување
ДУО ТРАНСПОРТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ДУО ТРАНСПОРТ е модерна транспортна компанија која ги обезбедува следниве усуги:

- Транспорт
- Специјален транспорт
- Сервис возила
- Комунални услуги

Подетално за компанијата

ДУО ТРАНСПОРТ

ДУО ТРАНСПОРТ e компанија основана од динамичен тим на професионалци, со повеќе од 15 години искуство во карго транспортот. Високата стручност на вработените, ефикасноста во работењето, техничката опременост, квалитетот на услугата, како и долгогодишното искуството се наша најдобра гаранција за квалитетот на транспортните и логистичките услуги кои ги овозможуваме. Секоја од вашите пратки се управува професионално, лично, со грижа и следење што ја очекувате и заслужувате. Дуо транспорт располага со паркинг простор од 6000 м2 и сопствено обезбедување, со 24 часовен видео надзор.

duo-transport-clubeconomy

ТРАНСПОРТ

ДУО ТРАНСПОРТ рутински врши транспортни операции и испораки на локално и меѓународно ниво, со повеќе од 40 модерни возила. Сите возила се опремени со ГПС системи за следење, со што во секое време имаме точна информација каде е вашата пратка. Возилата поседуваат ЦМР осигурување и додатно осигурување за сите ризици, со што сигурноста на пратката ја доведуваме до највисоко ниво.

duo-transport-clubeconomy
duo-transport-clubeconomy

СПЕЦИЈАЛЕН ТРАНСПОРТ

Располагаме со церадни и термички изолирани соло камиони, со што се обезбедуваат оптимални услови за превоз на вашите стоки, и комбиња со кои вршиме транспорт на брзи пратки низ цела Европа. Сите камиони се опремени со рампи за утовар и истовар и поседуваат рачни палетари, со што се намалуваат трошоците од дополнителен ангажман за виљушкари или работна сила.

СЕРВИС ЗА ВОЗИЛА

ДУО ТРАНСПОРТ располага со сопствен сервисен центар за поправка на моторни возила, во склоп на центарот работи и станица за технички преглед на возила.

duo-transport-clubeconomy
duo-transport-clubeconomy

КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Поседуваме камиони за специјални намени, односно цистерни за собирање на фекални води и автодигалка за подигање и превоз на товари, со висина на телескопска стрела од 12 метри и тежина од 6 тони.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Обиколница, клучка Стајковци, 1010 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/520 6400

+389 (0)78/359 610 - Игор

+389 (0)78/359 613 - Иван

+389 (0)78/359 614 - Дејан

+389 (0)78/359 612 - Никола

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа