Filters
Пребарување
ФЕНИКС - ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ФЕНИКС ГЕРОМЕДИКАЛ е ланец на домови за стари лица

ФЕНИКС ПРЕМИУМ - Луксузно сместување за стари лица

ФЕНИКС ВОЛКОВО - Топол дом, сеопфатна нега, постојана грижа, удобни, домашни услови за живот

ФЕНИКС - ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Подетално за компанијата

АСИСТИРАНО ЖИВЕЕЊЕ - ГРИЖА 24/7

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот кои се грижат за лица кои престојуваат кај нас 24/7, не дозволуваме вашите блиски да бидат осамени.

ЗДРАСТВЕНА
ЗАШТИТА

За секој поединец организираме константна индивидуална медицинска нега.

ОДЛИЧНА ХРАНА И ГРИЖА

Нудиме грижа и најквалитетна храна за сите лица кои престојуваат кај нас, приспособена на нивните потреби.

СЛУЖБА ЗА
ЧИСТЕЊЕ

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуваат со проблеми и предизвици при одржување на хигиената.

СЛУЖБА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Службата за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

КВАЛИФИКУВАНИ ЛЕКАРИ

Доктори специјалисти ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани.

Подетално за компанијата

 
ланец на домови за стари лица

ФЕНИКС ГЕРОМЕДИКАЛ

 

ФЕНИКС ГЕРОМЕДИКАЛ е ланец на домови за стари лица, чија историја датира од 2002 година. ФЕНИКС е приватна установа која нуди топол дом за лицата од третото добо. Наша основна дејност е сместување на возрасни лица, нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот. Нудиме топол дом, сеопфатна нега, обезбедуваме удобни, домашни соодветни услови за живот на корисниците на социјална заштита, сето тоа под будното око на нашиот лекарски тим. Се грижиме за соодветно активно стареење како и достоинствено и квалитетно живеење на старите и возрасните лица. Нашите установата се специјализирани за комплетна нега за корисници со деменција, алцхајмерова болест и други ментални нарушувања. Исто така, згрижуваме и активни здрави возрасни и стари лица за кои се грижи специјално едуциран тим составен од доктор по општа медиција, доктор специјалист – психијатар, социјален работник, медицински сестри и негувателки. Посебен акцент се става на социјализацијата на корисници. За што се грижат посебни стручни лица, а активностите се изведуваат секојдневно.

ФЕНИКС ПРЕМИУМ и ФЕНИКС ВОЛКОВО

Денеска Феникс располага со два дома: ФЕНИКС ПРЕМИУМ и ФЕНИКС ВОЛКОВО. Безбедноста е на високо ниво. Објектите се обезбедени и под постојан видео надзор.

feniks-dom-za-stari-clubeconomy

ФЕНИКС ПРЕМИУМ

Ултра модерен дом за стари лица, сместен во Капиштец во пријатна и мирна средина. Располага со капацитет од 70 соби и во него работат вредни медицински лица, со единствена цел, да им помогнат на вашите блиски. Установата располага со посебна просторија за дружење и за слободни активности, со стандардни и апартмански соби кои што се опремени со сопствено греење, системи за разладување, ЛЕД ТВ, гардеробер. Исто така, располага и со сопствена кујна.

feniks-dom-za-stari-clubeconomy

ФНИКС Волково

Објектот е лоциран во Волково, во пријатна и мирна средина, опкружен со борова шума. Располага со капацитет од 40 места, со голем двор хортикултурно уреден. Установата располага со посебна просторија за дружење и за слободни активности, со стандардни и апартмански соби кои што се опремени со сопствено греење, системи за разладување, ЛЕД ТВ, гардеробер. Домот располага со сопствена кујна во која секојдневно се подготвуваат свежи јадења.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Васил Ѓоргов бр. 42, 1000 Скопје - ФЕНИКС ПРЕМИУМ
Ул. 44 бр. 4, Село Волково, Скопје - ФЕНИКС Волково
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)76/344 244

+389 (0)75/482 552

 

 

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа