Filters
Пребарување
ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС Крушево е бренд кој својата традиција ја гради уште од 1973 година. Хотелот е целосно реновиран и денес полека ја враќа старата слава на еден од најубавите планински хотели во Македонија. Одлична локација со спектакуларен поглед на Крушево. 77 прекрасно уредени, модерни соби. Идеално место за бизнис настани, прослави, тим билдинг предизвици

ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС

ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС е изграден во 1973 година, денес е во приватна сопственост, управуван како флексибилен стартап. Во 2010 година овој хотел е превземен од сегашниот сопственик и од тогаш помина низ неколку циклуси на реновирање. Сите овие години работиме на враќање на стариот имиџ, хотелот го доби својот некогашен сјај, продажбата веќе е 10 пати зголемена и продолжува да расте.

hotel-montana-clubeconomy
hotel-montana-clubeconomy

Соби со спектакуларен поглед

ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС има 77 модерно опремени прекрасни соби, опремени да ги задоволат потребите на современиот турист. Повеќето од нашите соби имаат спектакуларен поглед на Крушево, кој од оваа перспектива наликува на гнездо.

Организирање на бизнис настани

ХОТЕЛ МОНТАНА е идеална локација за Вашите бизнис настани и прослави. Располагаме со голем избор на простории, различни по големина и опременост, како целата потребна опрема за организирање ивенти.

hotel-montana-clubeconomy
hotel-montana-clubeconomy

Прослави во Крушево

Најдобрите моменти од вашиот живот се безбедни во наши раце. Ние ќе осигураме да можете да уживате во нив.

Ќе ви понудиме голем избор на храна за секаков момент. Изненадете ги вашите гости со храна што никогаш не ја пробале. Уживајте во вкусната традиционална храна, со состојки купени од локалните пазари. Разгледајте ја големата селекција на простории каде што може да го уживате вашиот посебен момент.

Тим Билдинг во Крушево

Нудиме тим билдинг програми предводени од експерти. Нашиот долгогодишен тим билдинг партнер „Enjoy Macedonia“ ќе ви понуди возбудливи и незаборавни програми предводени од експерти, најчесто психолози со искуство во полето на развивање на човечки ресурси и потенцијал.

hotel-montana-clubeconomy
hotel-montana-clubeconomy

УДОБНОСТИ

Целиот хотел е покриен со супер брз бесплатен WiFi интернет, без лимит на користење.

Кога престојувате во ХОТЕЛ МОНТАНА никогаш не мора да се грижите за паркинг. Хотелот има бесплатен паркинг на кој секогаш има место.

Посетете го нашиот хотел и малото гратче Крушево,
каде што животот трае подолго!
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Питу Гули бб, 7550 Крушево
Град: Крушево
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-а Андријана


Мапа