Подетално за компанијата
декоративен камен
Компанијата КАМЕНА ИДИЛА АМЈ од Куманово се занимава со обработка и продажба на декоративен камен. Каменот е со врвен квалитет, идеален за уредување на екстериери, ентериери, обложување на ѕидови, фасади... Во нашата понуда располагаме со два вида камен. И двата се со високо ниво на цврстина, издржливост, некршливи, отпорни на абење и на сите видови временски услови.


изработка на калдрма
Првиот вид камен е за изработка на калдрма, го нудиме само во сива боја, има многу богат колорит и текстура и е со исклучително голема цврстина и издржливост. Овој вид камен има иста намена како бекатон плочите, само што на просторот поплочен со него ќе му даде сосема поинаква природна димензија во стотина нијанси на сива боја, посебна убавина, топлина и екстраваганција.
камени плочи
Втората наша програма е изработка и понуда на камени плочи кои ќе го облагородат секој ентериер и екстериер, давајќи неограничени можности за изведба на најразлични креативни решенија. И овој камен е со висока цврстина, отпорен на механички удари и временски промени, погоден за изведување ѕидни и фасадни креации, како и внатрешно и надворешно поплочување на подови. КАМЕНА ИДИЛА АМЈ може да понуди најразлични форми, во зависност од желбите и потребите на инвеститорите, а како стандардна понуда ги имаме правоаголните, квадратните и ромбоидните плочи, во сива и бакарна боја. Колоритот и текстурата на двете нијанси се исклучително богати, со изразена природна димензија.

КАМЕНА ИДИЛА АМЈ за сите клиенти обезбедува бесплатна испорака на декоративниот камен на цела територија на Македонија.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 36, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија