ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Користење на топлински пумпи и инвертер клима уреди како најекономичен и најеколошки систем

Сигурно секој од нас барем еднаш се запрашал и сериозно се загрижил за проблемот за глобалното затоплување кој станува од година за година се посериозен како и енормното загадување во градовите кое неколкупати ги надминува сите граници над дозволеното особено во зимкиот период од годината. Сето ова ни наметнува “обврска“ да размислуваме рационално и совесно и да почнеме да ги користиме обновливите извори на енергија. Доколку навистина размислуваме за долгорочен успех, за нашата иднина и иднината на нашите деца и нашата земја, топлинските пумпи се единствениот најекономичен и најеколошки извор за греење и ладење.

Топлинската пумпа е уред со чија помош топлинската енергија од еден топлински извор (вода, земја или воздух) се префрла на водата која ја грееме или ладиме. За тој пренос се троши помалку енергија и добиваме ефикасно ладење и греење. Така, за потрошен 1 KW електрична енергија за извлекување на топлината од обновлив извор, се добива 3 до 5 KW енергија за греење, значи коефициентот на ефикасност е од 3 до 5.Топлинската пумпа ја претвара акумулираната енергија од воздухот, сонцето или водата, во топлинска енергија, и ова е најсигурниот начин на иновативно греење кој постои повеќе од 30 години.

Инвертер клима уредите го имаат истиот принцип на работа со тоа што топлинскиот извор е надворешниот воздух додека топлината се префрла директно на воздухот во просторијата која ја грееме.

Типови на топлински пумпи во зависнот од кој обновлив извор ја црпи енергијата, овој уред може да користи:

1. Земја како извор - висока ефикасност, со помош на подземни колектори / сонди.

2. Вода како извор - со висока ефикасност, доколку се води сметка за квалитетот на водата.

3. Воздух како извор - со овој извор кој е секогаш на располагање инвестиционите трошоци се најмали.

Во текот на целата година, со овој начин на греење/ладење се штеди до 75% од средствата, во споредба со класичните уреди. Со правилен избор на системот, по советување за проектирање и монтажа, инвестицијата се исплаќа веќе по некоја година.

E2ENERGIJA или енергетски ефикасна зграда е информативен центар за енергетски ефикасни решенија за греење и ладење. Тука ќе се запознаете со вистинското искуство во користење на TOSHIBA CARRIER инвертер воздух / водатоплински пумпи и бенефит од користење на високо развиена енергетски ефикасна технологија за греење, ладењеи припрема на санитарна топла вода.

За стан од 150 m2високоенергетски ефикасен и пасивен објект по направените анализи и пресметки добиено е дека за ладење и греење потребни се 50W/m2 или капацитет од 8kW. Па така поставена е TOSHIBA ESTIA  HWS-804XWHT9-E + HWS-804H-Eтоплинска пумпа со капацитет на ладење / греење од 6kW / 8kWво комбинација со подно греење, вентилаторски конвектори за догревање и ладење и радијатори / цевни регистри за греење на ходници и бањи.

 

Компоненти вградени во Енергија - Енергетски ефикасна зграда

Подно греење се користи со ниска температура на вода и во комбинација со топлинска пумпа се добива особено висока ефикасност. Максимална температура на вода од 35oCе идеална температура за подно греење, што се идеални услови за работа на топлинската пумпа. Пониската температура на вода и зголемен комфор преку поголема површина за греење е идеална комбинација за високо енергетски ефикасни домови.  Топлинската пумпа воздух/вода со променлива регулација како што е ToshibaESTIAсо inverterтехнологија овозможува голема заштеда на енергија при подно греење.      

Со цел подобрување во искористување на топлинската енергија, се инсталирани акумулатори на топлина (Buffertank) – 200lt. Со овој бафер резервоар се зголемува стабилноста на работа на целиот систем и се зголемува можноста за акумулирање на топлина во текот на денот.Овој акумулатор на топлина дава можност и за искористување на нормална тарифа (преку ноќ) во однос на скапа тарифа (преку ден) на електрична енергија.

Комплетна контрола на целиот систем преку една контролна единица. Може да се инсталира во било која просторија, едноставно бирање на посакуван режим на работа (греење/ладење/санитарна топла вода). Мониторинг, контрола и управување на сите важни компоненти во инсталираниот систем.Контрола на вентили, бирање на посакуваната температура, двозонски режим на греење/ладење.Програмабилен термостат со можност за поставување на неделен распоред за работа на топлинската пумпа.

Внатрешна единица (Hydrobox) од топлинската пумпа, каде што се предава енергијата од ладилниот медиум на водата. Toshiba ESTIA топлинската пумпа во внатрешната хидро единица има пумпа, експанзионен сад, flow switch, сигурносен вентил. Можност за backupгреење со ел.греачи.

Анализите покажаа дека со новите изолирани простории се троши многу помалку енергија во ниско температурни радијатори.Причината е топлинската изолација на просторот и новиот дизајн на радијаторите.Инсталирани се неколку радијатори и цевни регистри со термостатски вентили.

Преку Carrierвентилаторските конвектори (FanCoils) се грее и лади просторот. Во нив циркулира топла или ладна вода и преку топлинскиот разменувач се предава енергијата во просторот.Carrierвентилаторските конвектори се исклучително тивки, со можност за избор на 5 брзини на работа и групирање на неколку уреди со еден контролер,со модерен дизајн и лесно се вклопуваат во секаков ентериер.

Надворешната единица на ToshibaESTIAтоплинската пумпа воздух / вода сплит инвертер произведена во Јапонија и е со ToshibaSuperDigitalInverter технологија со висок коефициентна ефикасност. Инвертер “twin rotary” компресорите работат со намален број на вртежи при различни оптоварувања со што и потрошувачката на електричната енергија е помала.Токму овде ToshibaEstia топлинската пумпа има одлични резултати и значително ја надминува конкуренцијата.

 

Во продолжение се резултатите за последните три грејни/ладилни сезони 2016/2017 / 2018 година за потрошувачката на електрична енергија на Toshiba ESTIA inverter топлинската пумпа за греење и ладење на стан од 150 м2во Скопје.За последните три години месечниот просек за ладење/греење изнесува: - 18,9о euro | 2015/2016 год.,- 26,2о euro | 2016/2017 год., - 23,5о euro | 2017/2018 год.Оваа потрошувачка се однесува за греење, ладење и припрема на санитарна топла вода (200 лит бојлер) за стан од 150 m2. Вкупниот месечен просек за последните три години изнесува 22,8о euro| 1.400,oo ден.

 

Пресметките се правени со средна цена за домаќинста 8,6 eurocent | 5,3o ден/kWh електрична енергија.

Во продолжение е деталната анализа за потрошувачка на енергија за секој месец во последните три години.

 

Потрошувачка на електрична енергија за греење / СТВ

Просечна надворешна температура за грејна сезона  Окт. 2015 – Април 2016 грејна сезона:6,4 oC

Просечна надворешна температура за грејна сезона  Окт. 2016 – Април 2017 грејна сезона:4,6 oC

Просечна надворешна температура за грејна сезона  Окт. 2017 – Април 2018 грејна сезона:5,8 oC

 

 

 

Потрошувачка на електрична енергија за ладење / СТВ

 

Просечна месечна потрошувачка на годишно ниво за за ладење / греење / СТВ

Просечна месечна за последните три години потрошувачка на за ладење / греење / СТВ

 

Потврда за потрошувачката на електрична енергија за ладење /греење / СТВ преку месечни сметки на ЕВН Македонија

 

Енергетски пасош со класа А+ за Енергија - Енергетски eфикасна зграда

 

Оставете коментар
Коментари
23.05.2020 20:46
http://reyna.userbet.xyz  
Высокотехнологичные инструменты для заработка на криптовалютных активах

http://inventar.in.ua/products/crkt-hammond-cruiser-7904db#comment_1 - Высокотехнологичные инструменты для заработка на криптовалютных активах https://gazetavechorka.ru/news/2020/03/18/padezh-zabaykal-ya-zhivotnovody-boykotiruyut-golosovanie-po-konstitucii-iz-za-yaschurnoy-rezervacii - Высокотехнологичные инструменты для заработка на криптовалютных активах https://paraknig.me/view/419734#impressions - Высокотехнологичные инструменты для заработка на криптовалютных активах  7cc404f
13.06.2020 14:58
cialis 5mg best price cialis 5mg generic where to buy
cialis
14.09.2020 11:40
online casino real money  online casino gambling  <a href=" http://onlinecasinouse.com/#  ">vegas slots online </a> online gambling  http://onlinecasinouse.com/#  - casino game
14.10.2020 15:11
Club Economy | Користење на топлински пумпи и инвертер клима уреди како најекономичен и најеколошки систем
jitiydhzog http://www.gux8myp6rbi52b5099645c966yb95evis.org/
[url=http://www.gux8myp6rbi52b5099645c966yb95evis.org/]ujitiydhzog[/url]
<a href="http://www.gux8myp6rbi52b5099645c966yb95evis.org/">ajitiydhzog</a>
19.11.2020 03:30
Ivanovo реставрација на бањи <a href=https://megaremont.pro/ivanovo-restavratsiya-vann>https://megaremont.pro/ivanovo-restavratsiya-vann</a>
27.11.2020 13:32
Club Economy | Користење на топлински пумпи и инвертер клима уреди како најекономичен и најеколошки систем
<a href="http://www.g69oz9s59fw6etid5i8f069e3au1v711s.org/">ajpxkxiyt</a>
[url=http://www.g69oz9s59fw6etid5i8f069e3au1v711s.org/]ujpxkxiyt[/url]
jpxkxiyt http://www.g69oz9s59fw6etid5i8f069e3au1v711s.org/