Filters
Пребарување
МАКУНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МАКУНИ се занимава со продажба на авто делови, на големо и на мало.

Располагаме со голема палета на авто делови, дополнителна опрема и други производи од автомобилската индустрија за патнички и комерцијални возила

Веб Шоп

Подетално за компанијата

Компанијата МАКУНИ се занимава со продажба на квалитетни авто делови и други производи од автомобилската индустрија за патнички и комерцијални возила, на големо и на мало. МАКУНИ на македонскиот пазар е присутен од 1992 година и веќе е познат бренд меѓу потрошувачите, првенствено заради високиот квалитет на производите, на што инсистираме од првиот ден на формирањето на компанијата.

makuni-clubeconomy

Компанијата МАКУНИ е екслузивен застапник на повеќе германски, англиски и турски производители на резервни делови за патнички и комерцијални возила. Меѓу светски познатите компании за производство на резервни делови со кои соработуваме, би ги издвоиле: Topran Hans Pries, BSG, Quinton Hazell и Schaeffler group.

makuni-clubeconomy
makuni-clubeconomy

За да бидеме поблиску до потрошувачите и поквалитетно да одговориме на нивните барања располагаме со сопствен канцелариски и магацински простор, како и модерен продажен салон. Нашите канцеларии и магацинот се наоѓаат во скопската населба Бутел 1, на Ул. Александар Урдаревски бр. 9, а продажниот салон во населбата Чаир, на Ул. Цветан Димов бр. 67. Оваа организациона поставеност на МАКУНИ ни овозможува да бидеме поблиску до купувачите, постојано да сме во контакт со нив и нивните желби и потреби и да организираме ефикасна дистрибуција на резервните делови и другите производи од авто индустријата.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Цветан Димов бр. 67, Населба Чаир,
1000 Скопје - Продажен салон
Ул. Алксандар Урдаревки бр. 9, Населба Бутел 1 - Канцеларии и магацин
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/964 884

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа