Filters
Пребарување
АПОЛО дооел / МОЈ ТОНЕР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АПОЛО се занимава со увоз и дистрибуција на сите видови потрошни печатарски материјали (тонери, кертриџи, барабани, рибони) и резервни делови за печатари...

МОЈ ТОНЕР е специјализирана интернет продавница на АПОЛО дооел за продажба на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи, рибони... и друга копјутерска опрема

АПОЛО дооел / МОЈ ТОНЕР

Подетално за компанијата
apolo-moj-toner-clubeconomy

Подетално за компанијата

АПОЛО дооел

Компанијата АПОЛО дооел веќе 20 години во континуитет е препознатлив бренд и една од најголемите компании во Македонија за увоз и дистрибуција на сите видови печатарски потрошни материјали (тонери, кертриџи, барабани, рибони) и резервни делови за печатари. Нудиме и богат избор на печатари, скенери, монитори и друга ИТ опрема и галантерија. Преку директен увоз од повеќе реномирани европски дистрибутери и кинески производители овозможуваме богата, разновидна и конкурентна понуда на повеќе групи производи.

apolo-moj-toner-clubeconomy

печатари и фотокопири

Започнавме со компатибилни производи за сите брендови на печатари и фотокопири, за неколку години подоцна во нашето портфолио да ги воведеме и оригиналните потрошни материјали. Потоа нашата палета на производи кои ги увезуваме и дистрибуираме ја збогативме со материјали за рециклирање на потрошените тонери (прашок, чипови, барабани...) и резервни делови. Последните неколку години започнавме со сопствен увоз на печатари и друга ИТ опрема од реномирани европски дистрибутери. Со текот на годините воведовме и услуги на сервисирање и изнајмување на печатари, за конечно да ја заокруживме нашата понуда со понуда на интегрирани решенија за печатење.

apolo-moj-toner-clubeconomy
apolo-moj-toner-clubeconomy

Водејќи сметка за постојано унапредување на работењето ги стекнавме меѓународни сертификати ISO 9001:2015 систем за управување со квалитет, ISO 14001:2015 систем за управување со животната средина, како и со ISO 45001:2018 систем за управување со безбедноста и здравјето при работа.

ДИСТРИБУЦИЈА

  • • Тонери, Keртриџи, Рибони, Материјали за рециклирање

  • • Печатари, Скенери, Монитори

УСЛУГИ

  • • Сервис на печатари и тонери

  • • Изнајмување печатари

  • • Комплетен know-how за оптимизација на трошоците за печатење

  • • On-line продажба

  • • Mojtoner.mk

MOJTONER.MK

MOJTONER.MK е наша специјализирана интернет продавница за продажба на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи, рибони... и сите други потрошни печатарски материјали. Од дома, од работа или во движење, MOJTONER.MK Ви нуди удобно, сигурно и лесно купување на голем асортиман производи. Во нашето портфолио ќе најдете најголем избор на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи и други потрошни печатарски материјали, печатари, друга ИТ опрема, услуги на сервис и изнајмување на печатари.

apolo-moj-toner-clubeconomy
Повелете, посетете го MOJTONER.MK и погледнете ги производите што ги нудиме.
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Никола Парапунов бр. 27/3-5, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3092 958

+389 (0)2/3092 995  локал 103, 105, 109

+389 (0)75/305 965

Социјални медиуми

Лице за контакт

Андреј Стоилков