Filters
Пребарување
ТЕХНОХЕМ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТЕХНОХЕМ нуди широка палета на суровини и хемикалии за производство на бои, лакови и цементни производи

- Акрилни смоли
- Алкидни смоли
- Пигменти
- Разни адитиви, како што се: диспергатори, антипенушавци, сушачи, згуснувачи (целулоза), пластификатори...

Подетално за компанијата

Фирмата ТЕХНОХЕМ доо е оформена во 2002 година од страна на сопствениците на компаниите CHEMICAL TRADING LTD од Солун и КГВ доо од Скопје, како резултат на долгогодишната успешна деловна соработка. На македонскиот пазар работи како ќерка фирма на компанијата VELLIS CHEMICALS од Солун. Седиштето на ТЕХНОХЕМ се наоѓа во селото Орешани, на само 7 километри од Скопје. Располагаме со сопствен деловен простор од 450 м2, од кои 70 м2 се канцаларии, лабораторија и пропратни простории, 220 м2 се магацински простор, а останатиот дел се користи како производен дел. Располагаме со сопствено транспортно средство, за дистрибуција на производите до нашите купувачи.

tehnohem-clubeconomy

Во делот на трговијата на пазарот нудиме суровини и хемикалии за производство на бои, лакови и цементни производи. Имаме широка палета на акрилатни смоли (стирен акрилат, чист акрилат, полимери и кополимери), алкидни смоли (кратко, средно и долго маслени), пигменти (железно оксидни, хром оксидни, хромни, титан диоксид,антикорозивни, флуоресцентни, јаглено црни...). Исто така, нудиме разни адитиви, како што се диспергатори, антипенушавци, сушачи, згуснувачи (целулоза), пластификатори, калцум стеарат и слично.

tehnohem-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 7 бр. 139 а, 1053 село Орешани, Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа