Filters
Пребарување
ТЕМОН дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ТЕМОН е друштво за проектирање и инженеринг на енергетски објекти. Имаме изведувано работи во индустријата и во другите стопански сфери

- Станици за преточување на гориво (бензински пумпи)
- Инсталации за греење
- Вентилација и климатизација
- Енергетски инсталации 
- Градежни работи, санации

СЕРТИФИКАТИ

Лиценца А - за проектирање градби од прва категорија

Лиценца Ц - за изведувач на градби од трета категорија

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Трговци со опрема за греење и климатизација. Инвеститори 

Подетално за компанијата

ТЕМОН

ТЕМОН дооел - Скопје е Друштво за проектирање и инженеринг на енергетски објекти, формирано во март 1990 година.

Во целиот овој период компанијата исклучиво се занимава со изведување на работи од номиналната дејност, односно изведува работи кои се врзани со енергетиката и тоа, термоенергетиката и термотехниката.

temon-clubeconomy

ИНЖЕНЕРИНГ ФИРМА

Како инженеринг фирма, ТЕМОН има изведено работи во индустријата и во другите стопански сфери, а класифицирано тоа би изгледало вака:

- Станици за преточување на гориво (бензински пумпи)

- Инсталации за греење во училишта, индивидуални и колективни станбени објекти

- Вентилација и климатизација во станбени и стопански објекти (хотели, ресторани, кафулиња…)

- Енергетски инсталации во стопански објекти

- Градежни работи (изведба на големи административни и индивидуални објекти) и интервенции (санација на санитарни јазли, изградба на анекси на објекти во училишта).

temon-clubeconomy

СТРУЧЕН ТИМ

ТЕМОН дооел располага со стручен тим од магистер по машински науки, два дипл.маш.инженери, машински техничар и административни работници, а во реализација на проектите вклучуваме и стручни лица од останатите профили, од највисок ранг.

temon-clubeconomy

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ

За реализација на договорените проекти од машинскиот дел ги користиме сопствените капацитети на опрема и работна рака, а користиме и кооперантски услуги.

Перспективите на компанијата се насочени кон усовршување на системот за инженеринг услуги и за производство на елементи од енергетската област, како и кон изведување поголеми објекти со комплетен градежен инженеринг.

temon-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. 8ми Септември бр.4 лок.11,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Моника Темелковска


Мапа