Подетално за компанијата
ТЕРМО – ВОД
ТЕРМО – ВОД е компанија која се занимава со продажба на опрема и материјали за греење, ладење, вентилација, соларни системи, водовод, санитарии, керамика и електро материјали.
ТЕРМО – ВОД, исто така, проектира и изведува објекти од областа на термотехнички инсталации (греење, ладење, вентилации), потоа гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергија и за обновливи извори на енергија.
Компанијата е основана во 2009 година од Сулејман и Кемал Османоски и веќе успеа да отвори три продажни центри, во Струга, во Лабуништа и Подгорци.

КВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Формулата на успехот на ТЕРМО – ВОД е постојаната грижа за сите клиенти, на кои постојано им се нудат квалитетни производи и услуги по најниски цени, со максимална гаранција и ефикасен сервис. Вториот столб врз кој се потпира успешното работење на ТЕРМО – ВОД е високостручниот тим со кој располага компанијата и постојаното инсистирање на проширување на асортиманот со воведување нови и нови производи, што е предуслов за следење на светските трендови и секојдневните иновации присутни во овој сегмент од пазарот.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Едвард Кардељ бб,
Мислешески пат, 6330 Струга
Град: Струга
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Сулејман Османоски
Кемал Османоски