Filters
Пребарување
УНИ КЛИМА КОМПАНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

УНИ КЛИМА КОМПАНИ е специјализирана компанија за климатизација и вентилација со воздушни системи

ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА
- Вентилациони канали со правоаголен и кружен попречен пресек од сите димензии со должина од 2000 мм, вклучително и секаков вид на фасонски парчиња за вентилациони системи
- Споен матерјал за каналите (прирабници, аголници, стеги и конзоли)
- Кујнски напи од алуминиумски и INOX лим
- Пригушивачи на звук од сите димензии и форми
УСЛУГИ
- Изведба на инсталации за вентилација и климатизација, според важечки норми од ЕУ за термотехнички инсталации
- Термичка изолација на цевоводи, опрема и арматура во индустриски и административни објекти
- Кровопокривачки работи со пластифициран, поцинкуван или бакарен лим
- Проектирање на сите HVAC - системи

УНИ КЛИМА КОМПАНИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
климатизација и вентилација со воздушни системи

УНИ КЛИМА КОМПАНИ

 

УНИ КЛИМА-КОМПАНИ е формирана во 1994 година, како специјализирана фирма за климатизација и вентилација со воздушни системи. Во досегашното постоење и континуиран раст успеавме да создадеме тим од 50 ВКВ-КВ монтери со долгогодишно искуство.

Со нашиот високопрофесионален инженерски тим со 15-годишно проектантско и оперативно искуство, можеме да одговориме на сите предизвици, како и да ги следиме сите новитети во системите за климатизација.

Компанијата располага со производствен погон за изработка на канали, опремен со сите потребни машини за производство на канали според ДИН 24190, со дневно производство од 3000 килограми. Освен канали со правоаголен попречен пресек, произведуваме и канали со кружен попречен пресек, жалузини за вентилација, пригушувачи на звук, кујнски напи, сите форми за градежна лимарија и термоизолација со алуминиумски лим.

Опремата за климатизација ја набавуваме од брендирани марки, како (DYNAIR, KLIMA OPREMA...). Располагаме со возен парк од 4-товарни возила и сите потребни алати и помагала за изведба на инсталации за климатизација.

Покрај домашниот пазар, присутни сме и на пазарите во Црна Гора, Албанија, Косово. Нашето работење е проектирано за 50% работи на готови проекти и 50% на инженеринг систем, каде што целосната реализација е на УНИ КЛИМА-КОМПАНИ

Бизнис логиката на УНИ КЛИМА-КОМПАНИ е да одговориме брзо и квалитетно на барањата на клиентите и затоа континуирано го зголемуваме бројот на вработени и инвестираме во модернизација на производниот погон.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Партизански одреди бр. 86, локал.21,
ТЦ Антико Карпош 4, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа