Filters
Пребарување
УНИМЕТАЛ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата УНИМЕТАЛ се занимава со производство и монтажа на:
- Челични конструкции
- Бетонски бази
- Опрема за сепарации на песок
- Заварување

 

Подетално за компанијата

 
производство и монтажа

Unimetal & Konstruksione

 

Unimetal & Konstruksione е компанија со голема и богата традиција. Почетоците и се во далечната 1979 година, кога е основана во Швајцарија како Unimetal Stahl-bau. Фактот што првите искуства ги има стекнато на швајцарскиот пазар сам по себе зборува дека станува збор за компанија која е максимално технолошки опемена и работи според највисоките европски стандарди. Во 1994 година Unimetal & Konstruksione го отвора првиот погон во Тетово и може да се каже дека денес претставува еден од лидерите во металопреработувачката индустрија во Македонија. Компанијата во моментов располага со производствен погон од 18.600 метри квадратни и има триесетина постојани вработени.

Unimetal & Konstruksione е компанија со високостручен тим, оспособен за изведување на широка палета активности во металскиот комплекс, од производство на машини и делови за машини, до давање најразлични услуги во металскиот комплакс.

Последниве години сме особено специјализирани за производство и монтажа на челични конструкции. Во овој сегмент на градежништвото и металопреработувачката индустрија, за Unimetal & Konstruksione буквално не постојат никакви ограничувања. Оспособени сме да изведеме објекти со најразлични габарити, како и широк спектар на цврстина, заштита и намена на челичните конструкции. Објектите со челични конструкции ги градиме по принципот клуч на рака и можеме да се пофалиме дека Unimetal & Konstruksione веќе учествувал во реализацијата на голем број значајни вакви објекти во Македонија.

Втор сегмент во кој во моментов сме посебно активни, давајќи им на нашите клиенти максимален квалитет и професионалност, е производството на комплетна опрема за сепарации и бетонски бази или делови од нив. За оваа опрема располагаме со целосна техничка документација и можеме да ја приспособиме на потребите и барањата на клиентите.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: С. Горно Седларце, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Иснириза Рамани


Мапа

Документи