Filters
Пребарување
УНИВЕЛ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

УНИВЕЛ е производствено трговско претпријатие со главен фокус на канцелариски потрошни и училишни материјали – основано во 1988 година.

  • Производство и трговија на канцелариски производи
  • Големопродажба на училишни материјали
  • Производство на маски - UniMask – Заштитни маски
  • Генерален застапник за BIC Sport Франција (кајаци, SUP даски, чамци и друга опрема за водени спортови) – BIC Sport Macedonia

Подетално за компанијата

ПРЕКУ 1000 АКТИВНИ И ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ И СОРАБОТНИЦИ

Нашата компанија УНИВЕЛ ДООЕЛ е основана во 1988 година, како занаетчиски дуќан, кога е започнато производство на напонски регулатори (реглери) за автомобилска индустрија. Во 1992 година УНИВЕЛ е регистрирана како производно трговско претпријатие. Покрај производството на електронски производи започнува трговија на големо со канцелариски потрошни материјали. Низ времето дејноста се проширува и со училишен програм, за во 1998 година УНИВЕЛ да стане застапник за BIC Франција и уште десеттина други брендови. Од 2000 година започнато е производство на канцелариски производи како регистратори, папки, архивски кутии, ќеси и сл.

Во моментов УНИВЕЛ располага со простор од 1.600м2, брои 15 вработени и има голем асортиман на висококвалитетни производи. Долгогодишна соработка со преку 1.000 активни и задоволни клиенти и соработници е доказ за нашиот професионализам, иновативност, истрајност и посветеност во работата.

Светски брендови со кои работи нашата фирма во моментов: FILA – GIOTTO Италија, FACTIS Шпанија, Elisa Словенија, ZOEWIE Германија, Статовац и Универзал Србија, Диакакис Грција и BIC Sport Франција. Можеме да се пофалиме и со одлична соработка и потпишани годишни договори со најпознатите ланци на маркети и најдобрите книжарници во државата.

UniMask – Заштитни маски

Водени од мотивот да дадеме придонес кон заштитата на населението и вработените во институциите и целото македонско стопанство – го креиравме брендот UniMask (УНИМАСК) - висококвалитетни 3 слојни заштитни и медицински маски! Наша цел е преку UniMask да овозможиме заштитни маски со прифатлива цена, достапни за сите наши граѓани. Оттука, во услови на криза инвестиравме во опремување на соодветен простор и набавка на автоматска линија за производство на трислојни заштитни маски со капацитет од 50 маски во минута. UniMask маските се неиритирачки, меки, комфорни, водоотпорни, лесно прилагодливи и со одлична филтрација. Истовремено овозможуваат висока заштита од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања. Во понудата имаме 4 типа на маски:

• UniMask Медицински маски

• UniMask Заштитни маски

• KN95

• FFP2 NR

univel-clubeconomy
univel-clubeconomy

Канцелариски производи

Во 1992 година УНИВЕЛ започнува со трговија на големо со канцелариски потрошни материјали, за во 2000 година да започне производство на регистратори, папки, архивски кутии, ќеси и сл.

Училишни материјали

Нашиот асортиман на производи опфаќа ранци, тетратки, моливи, фломастери и друг школски прибор од светски познатите брендови FILA – GIOTTO Италија, FACTIS Шпанија, Elisa Словенија и ZOEWIE Германија. Имаме одлична соработка и потпишани годишни договори со најпознатите ланци на маркети и најдобрите книжарници во државата.

univel-clubeconomy
univel-clubeconomy

Кајаци и SUP даски

Во 2012 година нашата компанија станува генерален дистрибутер на еден од водечките брендови за спортови на вода – BIC Sport Франција. Со повеќе од 40 годишно искуство, BIC Sport, е еден од најголемите производители на опрема за спортови на вода. Почнува со спортско и рекреативно пловење, за да денес биде водечка компанија за производство на кајаци, чамци, даски за сурфање, SUP даски и даски за ветар (windsurf). За повеќе информации:

брендови

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Борис Трајковски бр. 75 (во круг на Охис),
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи