Filters
Пребарување
ВД ТРАНС / ВАДРА ПРОДУКТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ВД ТРАНС се занимава со меѓународен транспорт - превоз на стоки до сите европски дестинации

ВАДРА ПРОДУКТ – Трговија со градежни материјали, огрев, земјоделска механизација, железарија, алат, електроника, електро опрема, стоки за домаќинство

ВД ТРАНС / ВАДРА ПРОДУКТ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
меѓународна шпедиција и транспорт

ВД ТРАНС

 

Компанијата ВД ТРАНС се занимава со меѓународна шпедиција и транспорт, со интенција да развие широка палета на услуги во доменот на патниот товарен сообраќај на територијата на Македонија, како и сите европски дестинации. Претпријатието бележи континуиран растеж, постојано го зголемуваме бројот на возила со камиони кои ги задоволуваат строгите еколошки стандарди, за да можеме на клиентите да им понудиме брз и ефикасен услуга.

ВД ТРАНС е подготвен да одговори на сите барања на клиентите, без разлика дали станува збор за контејнерски транспорт или транспорт на палетирани или непалетирани стоки, кои треба да ги превеземе низ Македонија, до државите од Балканот или во Европа. Нашиот тим, заедно со широката мрежа реномирани партнери, го има вистинското решение за сите ваши барања.

Како глобално ориентирана компанија во давањето логистички услуги нудиме целокупен спектар на транспортни услуги за субјети од сите индустриски гранки, земјоделството, градежништвото... Работиме и по принципот од врата до врата, обезбедуваме осигурување на товарот, следење на пратките... Со еден збор кажано, ВД ТРАНС ги задоволува и најстрогите стандарди за работа на меѓународните шпедитери.

ВАДРА ПРОДУКТ

Почетоците на ВАДРА ПРОДУКТ датираат од 1990 година и целиот период се занимава со трговија на големо и мало со најразлични групи производи. Денес ВАДРА ПРОДУКТ во своите продажни центри во Ѓорче Петров и во Петровец нуди голема палета на производи, од градежни материјали, земјоделска механизација, материјали и опрема за водовод и одвод, железарија, електро опрема и електро материјали, бела техника, резервни делови за товарни моторни возила, масла, алат и алатки, бои и лакови, градинарска опрема, ХТЗ опрема, производи за домаќинство и играчки.

vd-trans-vadra-produkt-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 1 бб, Петровец, 1000 Скопје
Ул. Шидска бр. 2, Ѓорче Петров, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)2/2050 317

+389 (0)2/2050 318

+389 (0)2/2037 229

+389 (0)2/2031 497 - Вадра Продукт магацин/продавница во Ѓорче Петров

+389 (0)2/2561 722 - Вадра Продукт продажен салон во Петровец

+389 (0)75/220 709

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа