Стил
Синото вино најголем хит ова лето

После илјадници години постоење само црвени и бели вина, светот одлучи нешто да смени и кај овој пијалак на боговите. Можеби, причината е што сината боја многу повеќе потсетува на морските бранови.

Летото е време на студени пива, шарени коктели и по некоја чаша квалитетно лесно вино, но инвентивните Шпанци оваа понуда ја збогатија и со сино вино, кое одлично се вклопува во егзотичната атмосфера на некој ресторан или бар на морскиот брег.

Група на млади винари од Шпанија групирани во компанијата Gik, сакајќи да направат нешто ново, возбудливо и оригинално го произведе првото сино вино на светот, кое го доби името Blue Nun. Тоа е екстравагантен производ создаден со комбинација на црно и бело грозје од повеќе шпански региони, првенствено од La Rioja, Castilla La Mancha, León и Zaragoza. Бојата се добива од индиго пигментот кој се наоѓа во лушпата на грозјето, со додавање на мал процент нискокалоричен засладувач.

Самото вино велат дека има вкус сличен на слатките бели вина, сепак секој мора сам да го проба за да се увери дали тоа навистина е така. Blue Nun виното во овој момент е присутно само во Шпанија, но после големиот интерес што го предизвика во светската јавност и кај љубителите на добрата капка, веќе се иницирани планови за негово пласирање на поширокиот светски пазар. Можеби, доколку не планирате да се одмарате во Шпанија, ќе немате можност ова лето да го пиете синото вино, затоа за догодина шансите секако ќе бидат многу поголеми.  

30.06.2016


Добивај newsletter
Компас