Вести
Сладоледот ја освои Виена

Австрија е центар на Европа кога е во прашање сладоледот, бидејќи според бројот на жители има најмногу специјализирани места за продажба на овој смрзнат десерт на континентот.

Во Австрија, а особено во Виена последниве години многу се зголеми бројот на местата каде што се продава сладолед. Денес во Виена работат 154 специјализирани продавници за сладолед. Во оваа бројка не влегуваат кафитериите и слаткарниците во чија понуда исто така е вклучено ова слатко задоволство.

Податоците од Австриската стопанска комота покажуваат дека во Австрија на секои 15.000 жители има едно место за продажба на сладолед. Тоа е повеќе отколку во Италија, земја со многу поголема традиција за производство на сладолед. Како што истакнуваат австриските њус портали, сериозниот интерес за сладолед во Австрија датира од средината на 19 век, кога во оваа земја емигрирале поголем број италијански производители на сладолед, носејќи ја со себе и тајната за производство на овој вкусен специјалитет. Во тоа време веќе познатата по луксузни слатки Австрија, во понудата го вклучила и сладоледот со висок квалитет.

Денес виенчаните току го сакаат што дури станаа домаќини и на фестивал посветен на сладоледот, кој се одржува секое лето. Оваа година празникот на сладоледот во Виена е на 6 и 7 август.
05.08.2016


Добивај newsletter
Компас