Маркетинг
Макпрогрес со нова линија за производство на Винчини вафли

Деновиве Макпрогрес заврши со монтажа и подготовка за пуштање во употреба нова линија за производство на наполитанки и вафли од брендот Винчини, инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Инвестиција која обезбедува нови 30 вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата. 

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес го потврдува својот епитетит на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 50 држави во светот.  

“Интересот и побарувачката за вкусните производи на Винчини надвор од границите на Македонија, беа мотив за да се прошири производството и да се инвестира во нова технологија” – велат од компанијата. Брендот Винчини застапува богата палета на производи од наполитанки и вафли со различни, неодоливи вкусови на какао, млеко и лешник. Дел од наполитанките се направени по рецепт за посен десерт, што е одличен избор за посно заблажување.

Со новата инвестиција компанијата очекува да ја достигне бројката од близу 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехрамбената индустрија во источниот дел на Македонија.

Макпрогрес со брендот Винчини е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки.

01.09.2016


Добивај newsletter
Компас