Вести
15 Прашања за Тибор Хеѓкези
Менаџер на продажба во ЕЛМЕД


Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Амбицијата да се биде најдобар во тоа што го работиме.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитен на тимот.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец

Војсководец.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Не, покрај работата менаџерите треба и да се добри родители, партнери и пријатели. Добриот менаџер креира добар тим. Амбициите да се биде што поуспешен и да се постигнат што подобри резултати секогаш постојат, но не како воркохолик.  

Се чуствувате ли и Вие така?  

Како воркохолик, не.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Слатко задоволство кое станува уште послатко кога ќе се добијат добри резултати.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Да, во однос на конкуренцијата секогаш. Верувам дека натпреварувачките амбиции придонесуваат за подобри резултати.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Пријател. Конкуренцијата е здрава и не тера да се трудиме да бидеме што подобри.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Џабе работи, џабе не седи :) 

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Тоа е индивидуално.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Сите, лесно приспособлив сум и уживам во сите ресторани кога сум во добро друштво.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Не пратам активно спорт, но спортувам кога ми дозволува времето, сепак, физичката активност ме опушта психички и се релаксирам од проблемите.

Филм или театар?

И двата, секој си има своја убавина.

Книга за на плажа?

Понекогаш книги, но преферирам друштво и активност.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Не застанувајте, борете се, не се разочарувајте.... гледајте напред, но не го запоставувајте семејството.      

 
14.11.2016


Добивај newsletter
Компас