Стил
НАЈУБАВИОТ РЕСТОРАН НА СВЕТОТ

Годинашниот добитник на престижното признание Restaurant & Bar Design Awards за најдобар ресторан во светот е лондонскиот German Gymnasium Restaurant.

Лондонскиот German Gymnasium Restaurant, кој е инспириран од европската традиција во кулинарството, е прогласен за најдобар и најубав ресторан на светот. Наградата ја доби за најубав изглед на самиот ресторан, прекрасните кулинарски специјалитети и импpесивниот дизајн на сервирањето на храната и пијалаците што се служат во ова лондонско култно место.

Значи, ако за празниците или следната година планирате да го посетите Лондон, еве каде мора да се обидете да резервирате место за вечера. Дефинитивно, во овој ресторан се служи најубаво декорирана храна, амбиентот е волшебен, а со добивањето на Restaurant & Bar Design Awards, сега луѓето од German Gymnasium имаат и кокретна потврда за тоа.

Што уште Ви е потребно за да се одлучите да го посетите?   

07.12.2016


Добивај newsletter
Компас