Маркетинг
Зелената, боја за 2017-та

Откако експертите на Pantone групацијата пред неколку месеци одредија кои бои ќе владеат во 2017-та, деновиве меѓу фаворизираните десет бои, меѓу кој беа темнозелената  боја на кељот, нежната боја на лешникот, огнената портокалова и сината боја на Нијагарините Водопади, конечно е прогласена бојата за идната година.

После пудрестата Rose Quartz и мирната Serenity сина, кои своето место го пронајдоа во домовите ширум светот во 2016 година, 2017-та ќе се зелени во PANTONE 15- 0343 Greenery!

Групацијата Pantone ја опишува како свеж и остар тон на зелената, која потсетува на првите денови на пролетта, време кога природата се буди. Со употреба на оваа храбра боја се бришат границите меѓу надворешниот и внатрешниот простор и се оди во чекор со тенденцијата за побогато украсување на ентериерот со растенија и вертикални градини.

 

 

 

09.12.2016


Добивај newsletter
Компас