B2B
15 Прашања за М-р Славе Ласовски, проект менаџер во ПРИМАТЕХНА Битола, специјалист за ладилна техника

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Да видам задоволен инвеститор после завршување на секој нов проект. Неговото задоволство се пренесува и врз нашиот тим. Од тоа зависи проширувањето на бизнисот и среќата на моето семејство и семејствата на сите вработени.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитен на тимот, но со повремени излети како осамен волк.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец

Доколку можеш да менаџираш како татко, не мораш да бидеш војсководач, доколку менаџираш со својот авторитет не мораш да менаџираш со користење на авторитетот што ти го носи функцијата.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Само ако работата им претставува задоволство.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Да. Ако тековните работи се одвиваат добро, отворам нови.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Не ми претставува задоволство, но не дозволувам да биде фрустрација.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Човекот, свесно или несвесно, постојано е во некој натпревар.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Богатство е познавањето на делата на конкуренцијата.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Секој проблем има решение. 

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Сите членови на моето семејство се составен дел на бизнисот, така што нема граница меѓу семејството и бизнисот.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Ресторанот не ми е битен, битно е друштвото.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Пасивно и инцидентно.

Филм или театар?

Повеќе сакам театар, но секако, повеќе гледам филмови.

Книга за на плажа?

Порастот на диоптерот е обратно пропорционален со интересот за книги.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Како идни менаџери, претходно извршувајте ги задачите кои треба да ги извршуваат членовите на тимот со кој ќе менаџирате. 

 
21.12.2016


Добивај newsletter
Компас