B2B
15 Прашања за Виктор Петков, генерален менаџер и сопственик на ВИПРО – Гевгелија

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Успешно планирање, организирање, мотивирање, координирање и следење во остварување на зацртаните цели на компанијата.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Во денешно време императив е тимската игра. Предизвиците се огромни и комплексни за било кој да може успешно самостојно да делува. Има една максима која вели: Секој, ама баш секој човек кој ќе го сретнете знае нешто што Вие не знаете. Тимот, всушност, тоа и го потенцира, односно преку дополнување, специјализирање на сите поединци од тимот да се дојде до максимизирање на успехот на компанијата.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец

Секако војсководец, со земање некои емоционални елементи од татко, бидејќи сите луѓе како основен двигател на фирмата, освен рационалното во себе имаат и многу емоционални елементи, кои треба да се координираат и синхронизираат. Денеска еден од најважните, често и најважен ресурс на фирмата, е токму човекот.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Мислам не, освен напорната 24-часовна работа многу верувам и на изборот на стратегија која овозможува поорганизирана и порелаксирана работа. Тоа придонесува и за поголем ефект и поголеми успеси на самата компанија.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Главно не, но понекогаш истото е наметнато... најчесто од пазарот и конкуренцијата, така да и јас морам да го следам тоа темпо. 

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Работата ја сакам и ме исполнува, deadline тајминзите ги сметам како редовни предизвици за успешно работење.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Мислам дека во услови на светска конкуренција и светски пазари тоа е императив. Денес, конкурентниот циклус на една опрема, технологија, know-how не е поголем од 3 години и тоа мора да го следите. Во спротивно полека ќе ве снема...

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Повеќе пријател, предизвик за континуирано усовршување.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Ниедна работа или проблем не зависи само од една варијабла, туку од мноштво варијабли кои се меѓусебно зависни. Само нивно совршено комбинирање може да донесе резултати.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

За среќа, во ВИПРО отсекогаш имало и има нишки од фамилијата кои секако се најголема помош и поддршка. Границата е битна и мислам дека уредно ја одржуваме. 

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Во етно ресторан, со тивка музика, спој помеѓу традиционалното и современото.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Пасивно, пешачење и планинарење.

Филм или театар?

Повеќе филм иако го сакам и театарот.

Книга за на плажа?

За таква пригода протежирам повеќе неделни и месечни списанија.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Визија, цели, оператива, знаење, иновации, работа, упорност, усовршување, доследност, ревизија...

 
01.03.2017


Добивај newsletter
Компас