Маркетинг
Петгодишната Alice го предизвика директорот на Gap

Пред неколку недели петгодишната Alice Jacob напиша писмо на една од водечките компании за продажба на облека Gap, во кое ја замоли компанијата да размисли за поголема разноликост на облеката за девојчиња и во понудата да не биде застапена само розовата боја, принцези и слични работи.

Имено таа била со татко и кога тој купувал облека на нејзиниот брат. Оделот каде ја купиле облеката имал креации со многу ликови од познати цртани и долгометражни филмови, како што се: Star Wars, Hot Wheels, DC Comics... Затоа на татко и му издиктирала писмо, кое тој го испратил како меил во компанијата Gap Inc. Во писмото рекла дека би сакала на маиците да има ликови како Бетмен, Супермен, мотиви од рокенрол и спортови.

„Што се случува со девојчињата што ги сакаат овие работи, како што сум јас и мојата другарка Оливија? Можете ли да изработите неколку кул маици за девојчиња? Ве молам. Или можете ли да организирате одел во кој нема да се продава облека ниту само за момчиња, ниту само за девојчиња, туку за деца?“

Верувале или не, претседателот и извршен директор на Gap, Jeff Kirwan одговорил на ова писмо, што е пренесено од The Washington Post.

Драга Alice,

Звучиш како вистинско кул дете, со силно чувство за стил.

Во GapKids се обидувам да понудиме широк спектар на стилови и избор и за девојчиња и за момчиња. Вклучени се избор на модели за девојчиња со диносауриси, автомобили, ајкули, топки и со некои од нашите суперхерои. Нашата последна дизни колекција „Убавицата и зверот“ зборува за храбрста и силата на девојчињата и тоа е нешто што навистина ни е важно.

Но, во право си, мислам дека можеме подобро така што ќе понудиме уште поголем избор, кој ќе им одговара на сите. Разговарав со нашите дизајнери и ќе работиме повеќе на позабавни работи, за кои мислам дека ќе ти се допаднат.

Во меѓувреме ќе ти испратам неколку мене омилени парчиња од нашата последна колекција. Те молам да ги пробаш и да ми кажеш што мислиш. Мислењето на нашите клиенти ни е многу важно и  ни помага да направиме уште подобри производи секоја сезона.

Ти благодарам уште еднаш,

Jeff

 

Паметен чекор од кој компаниите и нивните директори можат многу да научат. Покрај тоа што одговорил на проблемот, директорот на Gap ја искористил и можноста да ја изрекламира својата компанија. Навистина колекциите за девојчиња се доста еднолични. Се е во розе или црвена боја. И девојчињата имаат свои херои и не треба да се ограничуваат.

Добра идеја може да се добие од секого, па и од девојче од пет години. Тоа го сфати извршниот директор на една мултимилјардерска компанија, која има повеќе од 100.000 вработени. И тоа е лекција за сите нас.

 

03.04.2017


Добивај newsletter
Компас