Маркетинг
NIKE му ја честита на Roger Federer 8-та победа на Wimbledon со спот

Веднаш после историјската победа на својот амбасадор Roger Federer на лондонскиот турнир, NIKE објави специјален промотивен спот во траење од 30 секунди, кој го изработи агенцијата Wieden + Kennedy.

Со 8-та победа, швајцарската тениска ѕвезда го прескокна претходниот рекорд од седум победи во машкиот сингл на Wimbledon, кој го држеше заедно со Pete Sampras и William Renshaw.  

Спотот ја истакнува бескомпромисната самодоверба на најголемиот тенисер на сите времиња, а забележителна е и симпатичната игра со типографијата, во која бројот 8 станува дел од името Roger.

Во рамките на оваа рекламна кампања NIKE, исто така, подготвува и посебна линија производи врзани со 8-та победа на Federer на Wimbledon и 19-та победа на Grand Slam турнирите воопшто. Компанијата ќе лансира лимитирана серија на бели NikeLab Oscillate Evolve RF патики, со бројот 8 на петата, како и две мајци – една со логотипот Ro8er, а втората со логотипот RF опкружен со 8 ловорики и со натпис Federer 19 на грбот.

18.07.2017


Добивај newsletter
Компас