Маркетинг
Критики за AUDI заради сексистичка реклама во Кина

Во обид да биде духовит AUDI ги налути Кинезите, лансирајќи рекламен спот во кој жените се споредуваат со деловните автомобили, за кој многумина мислат дека е сексистички.

Рекламата започнува со една госпоѓа, веројатно свекрвата, која ги прекинува младенците во чинот на венчавањето и почнува да ја „проверува“ невестата, влечејќи ја за носот, ушите, па дури и ги гледа и забите. Потоа свекрвата со раката дава знак дека е задоволна со снаата, но тогаш одеднаш изненадено забележува нешто на нејзините гради.

Нараторот во спотот ги потсетува гледачите дека „важните одлуки во животот мора да се носат внимателно“, по што се појавува автомобил AUDI.

Инаку, AUDI е еден од најпопуларните производители на автомобили во Кина, заедно со Mercedes и BMW.

20.07.2017


Добивај newsletter
Компас