B2B
15 Прашања за Мишел Ѓорѓиев, основач и управител на АТОМ СТИЛ, Кочани

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Моја најголема мотивација е да се предизвикувам самиот себе, повторно и повторно. Животот го гледам како долга успешна фудбалска кариера.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

И едното и другото. Усвојувањето на секој нов производ, решевање на проблем и слично, се стремам да го завршам сам. Затоа што, за секаков вид на последица (материјална, финансиска...) јас сум тој што треба да го поднесе целиот товар и одговорност. Откако проблемот ќе биде решен, тогаш се „префрлам” во вистински капитен и лидер во тимот.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец

Како идеален менаџер се стремам да се изградам самиот себе учејќи од своите грешки, прифаќајќи совет од личност за која сум сигурен дека позитивно ќе влијае на мојот резултат и сл.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Секако дека НЕ! Според мене, воркохолик е личност која се има пронајдено во својата професија, стремејќи се да постигне некоја цел во животот.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Потполно ДА! Толку многу, што, како да има некој што работи 24/7/365 за да успее да ме надмине и да земе се што имам. Всушност, таков сум и не сакам да се менувам. Целите, желбите и плановите се тие што го стават епитетот воркохолик.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Претходно веќе споменав дека решавањето на проблеми ми е задоволство. Не постои начин да стигнам до тој “deadline” . Доколку се случи тоа, проблем плус и слатко задоволство.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Би кажал само едно. Човек без амбиции е како птица без крилја.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Лојална конкуренција!!! Најдобриот пат до успехот. Чесноста, дисциплината и коректноста се одраз на успешно изграден претприемач.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Еднаш таткоми ми кажа нешто, коешто длабоко влезе во мојот пат.

“Синко, има два типа на луѓе: едни што работат и други што земаат кредит. Ми спомна: “Потруди се да бидеш во првата група, бидејќи таму имаш многу помала конкуренција”.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Целото семејство е составен дел од нашиот бизнис, така да не постои граница.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Кафеана, староградска музика и пријатно друштво. Таму лежат најубавите спомени.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Последната година доста пасивно, речиси никако. Но, зависник сум од фитнес и здрава исхрана.

Филм или театар?

Добар, инспиративен документарец, може и по неколку пати да се изгледа.

Книга за на плажа?

Лап топ на плажа и следење на берзата 

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Ќе има денови кога ќе се борите, сакате да се откажете и нема да сакате да се соочите со светот. Тоа се тие денови што ве дефинираат. НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!

04.08.2017


Добивај newsletter
Компас