Стил
По млечно, црно, бело, сега и розе чоколадо

Годинава се е розово. Millenial pink манијата ја зафати и гстро сферата, па меѓу другото, добивме и розова текила и розов џин. Но, производителот на едно од најквалиетните белгиски чоколади на светот, Callebaut, го откри можеби највкусниот претставник на овој тренд – розово чоколадо.

Покрај црното, млечното и белото чоколадо, наскоро ќе може да дегустираме и уште еден вид, розово чоколадо. Розовото чоколадо службено се вика Ruby и доаѓа од истоимениот вид какао зрно. Специфичната боја е добиена со посебна постапка на процесирање на зрното, без вештачки додатоци на вкусови и боја.

Велат дека вкусот му е добиен со додатоци од бобинкасто овошје и има особено мазна структура, што не е случај со другите видови чоколадо. Ruby деновиве беше свечено преставен во Шангај. Нам ни останува да чекаме да почне да ги освојува и другите пазари.

 

13.09.2017


Добивај newsletter
Компас