B2B
15 Прашања за Биљана Митева, менаџер на ЕКОПРОЕКТ КО – Кочани

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Креирањето и освојувањето поголем дел од пазарот во Македонија во делот на отпадот од амбалажа во последните 5 години е водилка за сите менаџери кои работат во оваа област. Имплементацијата на Законот за управување со отпад од пакување претставува предизвик за ефикасно работење во оваа дејност и мотив за докажување во доменот на животната средина.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Без одлична екипа за работа нема успех, затоа и тимот со кој работам претставува целина од вкупниот процес на реализација на задачите. 

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Мотивот да бидете успешни можете да го најдете во ликот кој ве инспирира и води. Одлуката дали инспирацијата ја црпите од татко или војсководец, е ваша. Важно е да бидете успешни.  

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Секој кој успеал во нешто, мора многу да работи. И во мoментите кога не сте успешни мора да продолжите понатаму.  Не е важно колку пати не сте успеале, најважната работа е колку пати сте станале и продолжиле за да успеете. 

Се чуствувате ли и Вие така?  

Кога сите во тимот работат подеднакво, вие не сте исклучок од ова правило, успехот е резултат на трудот.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Слатките задоволства секогаш се инспирација, особено кога верувате во успех без разлика на кратките рокови. 

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Животот е битка со предизвици, позитивни и негативни, управувањето со компанија е дел од тој процес, така што амбицијата не е пресудна за успехот. Добриот план и реализацијата е она што е пресудно.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Не постои конкуренција – постои инспирација за подобрување и унапредување на работењето. 

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Губитниците се откажуваат кога нема да успеат. Победниците губат се додека не успеат.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Поддршката од семејството е најважна, има нераскинлива врска помеѓу бизнисот и семејството.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Често патувам па рестораните и средбите во нив имаат посебно место во моето секојдневие. Секој од нив носи свои особености, така што не можам да издвојам некој посебно.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Пасивно, фудбал.

Филм или театар?

Филм за релаксација, театар за ментална хигиена.

Книга за на плажа?

Соработникот – Џон Гришам. 

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Не барајте полесен живот, молете се да станете посилен човек. – Џон Кенеди

16.05.2018


Добивај newsletter
Компас