Filters
Пребарување
ВИАТОР & ВЕКТОР доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА ШПЕДИЦИЈА

- Збирен транспорт
- Складирање
- Царинење
- Поддршка и застапување
- Копнен транспорт (патен и железнички)
- Поморски транспорт
- Воздушен транспорт

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Фирми на кои им се потребни услуги во шпедиција, транспорт и царинско посредување

ВИАТОР & ВЕКТОР доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 

ВИАТОР & ВЕКТОР

 

Виатор и Вектор доо Скопје е друштво со ограничена одговорност чии сопственик е Виатор и Вектор Логистика Љубљана Словенија. Основна дејност на компанијата е вршење шпедитерски услуги и истата е една од најстарите компании во Македонија која се занимава со оваа дејност. На пазарот е присутна повеќе од 48 години. Во овој момент компанијата има 60 вработени во 16 работни единици во повеќе градови и гранични премини во Македонија.

Основна дејност на фирмата е вршење на услуги при царинење на стока, вршење услуги при транзитна стока на граничните премини, организиран транспорт и царинско складирање.

01. Вршење услуги при царинско посредување

Ги вршиме сите работи при царинско застапување односно работа со увоз и извоз, привремен увоз и извоз. Даваме консалтинг услуги во врска со царински и надворешно трговски прописи како и информации за трарифни броеви царински стапки и ддв. Достапни со свои испостави во следниве градови: Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија, Струмица, Ново Село, Штип, Струга, Делчево и Кавадарци. Нашиот квалитет и професионализам се докажува и преку 42-те лиценцирани вработени од страна на ЦУ на РМ.

02. Гранично транзитно работење

Во можност сме да извршуваме транзитна постапка за сите видови пратки како и за акцизна стока ( алкохол, цигари, нафта и нафтени деривати ) на следниве гранични премини: Табановце, Богородица, Ќафасан, Ново Село, Делчево и Аеродром-Скопје

03. Организирање на транспорт

Сектор за организирање транспорт врши услуга за сите видови на превоз: камионски, поморски, железнички и авионски. Имаме збирни линии секоја недела од Англија, Шпанија, Шведска и два до три пати неделно од Германија, Италија, Австрија и Чешка

04. Увоз и извоз

Имаме одлични цени за увоз и извоз од Македонија за Балканските земји , како и кон државите на Југоисточна Европа, Балтичките земји, Германија, Италија, Англија, Шпанија, Франција, Португалија, Швајцарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Холандија, Полска, Чешка, Словачка, Романија... Со нашата гаранција од 8,5 милиони евра можеме да Ви понудиме услуги на реекспорт кон сите држави во Европа и пошироко .

НАШИ ЗБИРНИ ЛИНИИ ЗА ПРЕВОЗ НА ПОМАЛИ ЗБИРНИ ПРАТКИ

Србија / Македонија

- Тргнување од Белград секоја среда и секој петок

- Пристигнување во Скопје секој четврток и секој понеделник

- Собирање на пратки од цела Србија

Грција / Македонија

- Тргнување од Атина секој петок, пристигнување во Скопје секој понеделник

- Поволни цени имаме за цело подрачје на Јужна Грција, Волос / Патра / Атина / Пиреја

Италија / Македонија

- Тргнување на збирно возило од Милано секој петок

- Пристигнување во Скопје секој понеделник

- Собирање на пратки од цела Италија

Шпанија / Македонија

- Тргнување на збирно возило од Барселона секој среда

- Пристигнување во Скопје секој понеделник

- Собирање на пратки од цела Шпанија и Португалија

Германија / Македонија

- Тргнување на збирно возило од Минхен секој петок

- Пристигнување во Скопје секој понеделник

- Собирање на пратки од цела Германија

Турција / Македонија

- Тргнување од збирен центар во Истанбул секој петок/сабота

- Пристигнување во магацин во Скопје секој вторник/среда

- Собирање на пратки од цела Турција

Уверени сме дека за збирните пратки до габарит од 2.500 кгр можеме да понудиме многу поволни цени.
Ве очекуваме со Вашите барања.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. АВНОЈ бр. 74 б,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Никола Маџаревски +389 (0)70/234 271
Марија Митовска +389 (0)71/262 113
Влатко Петров +389 (0)71/262 133


Мапа

Документи