Filters
Пребарување
ВИТРУМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ВИТРУМ - Студио за дизајн и изработка на уметнички обликувано стакло

 
 

Подетално за компанијата

 

Студио ВИТРУМ

 

Студио ВИТРУМ е студио за дизајн и изработка на уметнички обликувано стакло - витражни панели за екстериери и ентериери и декоративни скулптурални елементи во класична витражна техника, како и фузирано (топено) стакло. Основано во 2000 година од архитектите и дизајнери на стакло, Мими и Јанко Гогушевски. Студио ВИТРУМ е добитник на многу признанија и две престижни награди за дизајн на Биеналето на Македонската архитектура и дизајн.

CV-то на студио ВИТРУМ е богато со голем број проекти за референтни деловни и јавни објекти, но и детаљи за мали приватни резиденцијални простори кои го менуваат амбиентот, давајќи му посебност и личен печат и стил. Да споменеме само неколку: Импресивните 12 апостоли (90/220 цм) во фузирано стакло за Католичката црква Пресвето Срце Исусово; експлозивно црвените стаклени прегради со македонски етно-мотив кои го делат јавниот од болничкиот простор во Клиниката Жан Митрев; фузираните фасадни и внатрешни панели со дизајн инспириран, покрај другото, од старите монети најдени на наше тло во Народна банка на Република Северна Македонија; стаклениот екран во класична витражна техника со симболи на Скопје за Best Western Хотел; витражните прозорци и врати на Резиденцијата на Американскиот Амбасадор дизајнирани во стилот на Frank Lloyd Wright...

Многу сме горди на стаклениот “Vortex” на новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации - вкупно 360 стаклени елементи 60/60цм и 60/120цм поставени на метална конструкција, преклопувајќи се на дури 7 нивоа. Дел од скалишниот простор по целата височина на објектот - исклучително жива и динамична инсталација во интензивно сино-зелени бои.

vitrum-clubeconomy

Tiffany техника

Инспиративната убавина на традиционалната Tiffany техника ги прави омилени и барани нашите креации за прозорци, врати, плафони, светлечки тела… Експлозивните бои и нијанси на опалесцентно стакло, во комбинација со современите и елегантни дизајни ја создаваат вонвременската естетика на секој од нив.

vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy

Фузирано стакло

Фузираното стакло е современа алтернатива на традиционалната витражна техника. Богатите и живи бои комбинирани со текстура креираат софистициран, функционален и модерен дизајнерски израз за ентериерни и екстериерни апликации за секој простор, независно од неговата намена и содржина.

vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy

Стаклото не мора да е рамно и геометриски правилно - ние го обликуваме, кривиме, виткаме… Овие процеси бараат многу знаење и искуство, но крајниот резултат е воодушевувачки динамичен.

vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy
vitrum-clubeconomy

Галерија ВИТРУМ

Дел од нашето студио е продажна галерија за подароци од применета уметност во фузирано стакло: огледала, часовници, декоративни чинии во разни големини, рамки за слики, свеќници, уникатен накит, како и реплики и ламби во Tiffany стил.

Секој наш проект е уникатен и со љубов и посветеност дизајниран да ги задоволи специфичните барања на клиентот. Горди сме на високиот квалитет, супериорното техничко знаење и иновативните дизајни кои го збогатуваат секој амбиент чиј дел сме, а со тоа и доживувањето на тие што го користат.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Васил Ѓоргов бр. 29/2, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Мими Гогушевска


Мапа

Документи