Подетално за компанијата
WEDDING HOUSE
WEDDING HOUSE е единствен повеќенаменски комплекс за славење на животот, изграден според највисоките светски стандарди во индустриски стил. Уникатно, елегантно, романтично место, во согласност со природата. WEDDING HOUSE e создаден зa да ја испишете најубавата страница на сеќавањата. Почувствувајте го луксузот на едноставноста, убавото на уникатноста, во секој квадратен метар, почувствувајте ја љубовта. Иако името на комплексот симболично е поврзано со венчавки, ние ви стоиме на располагање за сите убавини кои сакате да ги споделите со вашите мили луѓе.


КАПАЦИТЕТ
Ви нудиме внатрешен и надворешен простор, со вкупен капацитет за 900 гости, Од кои, 400 места во внатрешниот дел, екстериерниот простор овозможува прием на 500 гости. Сопствен обезбеден паркинг, базен и специјално уреден дел за склучување граѓански бракови. Интересно хортикултурно опкружување. WEDDING HOUSE е лоциран на Марков Рид, под падините на планината Китка, со прекрасен поглед кон Скопје.
Понуда во комлекот WEDDING HOUSE:
-
• Климатизиран со најсовремена технологија
-
• Исклучително акустична сала со релаксирачки бои и тонови
-
• Амбиентално осветлување приспособено на потребите на гостите и настанот
-
• Можност за користење на ВИП базен
-
• Место за децата, со опрема што ќе го зардж нивното внимание и ќе им ја разбудат креативноста
-
• Сопствен обезбеден паркинг
-
• Врвни експерти за храна, повеќе менија со разновиден избор на предјадења, салати, главни јадења и десерти.


гратис услуги
Со секое одбрано мени добивате многу гратис услуги:
-
• Фотографирање и снимање на свадбената веселба
-
• Декорирање на салата
-
• Амбиентално осветлување
-
• Невестинска торта
-
• 24 часовно користење на апартман за младите.
Ве очекуваме заедно да раскажуваме!
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Пат за Китка, бр. 42, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија