За нас

Основната идеја на овој бизнис портал е на едно место да се претстават компаниите од Балканот, пазар од околу 150 милиони жители, додека употребата на англискиот јазик во претставувањето на овој интересен бизнис колаж, му дава на порталот многу поширока интернационална димензија. WWW.CLUBECONOMY.EU ги обединува компаниите од Балканот во форма на БИЗНИС КЛУБ – CLUB ECONOMY, во кој членуваат компании од МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, БУГАРИЈА, АЛБАНИЈА, КОСОВО, ГРЦИЈА, ТУРЦИЈА, ЦРНА ГОРА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА. Компаниите се распределени според државата од каде што потекнуваат, градот каде што им е седиштето, основната дејноста што ја извршуваат и азбучниот редослед.

При градењето на порталот појдовме од сопственото дваесетидвегодишно искуство во медиумското презентирање на бизнис субјектите, а идејата работите да се постават на ниво на еден неформален клуб, произлезе од фактот што членството во сите клубови е на доброволна основа, што значи дека членките ги поврзува некој заеднички интерес. Во нашиот случај – СОЗДАВАЊЕ НА ЕДНО БАЛКАНСКО БИЗНИС СЕМЕЈСТВО.

CLUB ECONOMY денес е најголемиот македонски бизнис портал, посветен на B2B маркетингот и претставува мост при пронаоѓањето на идните бизнис партнер. Нашата цел е да Ви помогнеме да го скратите времето на пребарување, да Ви помогнеме полесно да ја запознаете конкуренцијата, да видите до каде е таа со својот развој и во што се разликувате. И главното, да си одговорите на прашањето – Како до нови предизвици? - Club Economy ви помага при градењето на стратегијата како да дојдете до нови партнери и нови купувачи.

Денес во светот е актуелна максимата - "Ако ве нема на интернет, е исто како и да не постоите". Меѓутоа, брзиот развој на интернетот и потребата да се биде on-line услови веќе да не е доволно да се има само веб страница, без разлика колку е таа убава. Улогата на бизнис порталите е да им ја сервира таа убава веб страница на потенциалните купувачи и партнери. Нешто слично како големите трговски центри во кои влегувате сигурни дека ќе го најдете она што го барате. CLUB ECONOMY ја игра таа улога за компаниите во Македонија, а бидејќи е преведен на англиски јазик претставува и Ваш линк до глобалниот маркетинг.

Добивај newsletter
Компас