Подетално за компанијата
БМГ Алуминиум
БМГ Алуминиум е компанијата со долгогодишно искуство на пазарот на алуминиумски и ПВЦ профили, кои ги набавуваме исклучиво од најпознатите производители во Европа и затоа можеме да гарантираме за нивниот врвен квалитет. БМГ Алуминиум е реномирана компанија лоцирана во Скопје, во Индустриската зона Визбегово, со мрежа на партнери и соработници на целата територија на Македонија.

АЛУМИНИУМСКИ И PVC ПРОФИЛИ
Во нашата бранша завземаме едно од водечките места во големопродажбата на алуминиумски и ПВЦ профили, потоа профили и додатоци за огради, оков за алуминиумста и ПВЦ столарија, влезни врати, брави, цилиндри и останатата опрема и прибор од овој сегмент. Во текот на своето долгогодишно постоење компанијата успеа да изгради сопствен деловен објект и постојано работиме врз зголемување на сите наши капацитети, од магацинскиот и продажниот простор, до зголемување на асортиманот на производите, бројот на вработените, возниот парк...
БМГ Алуминиум е генерален застапник за Северна Македонија и Албанија на украинската компанија WDS, производител на ПВЦ профили за градежна столарија. Профилите се со врвен квалитет, ги задоволуваат и најстрогите европси стандарди за енергетска ефикасност, цврстина, издржливост и безбедност.
Двата најбарани системи од WDS профилите кои секогаш ги имаме на лагер во големи количини се:
- WDS 6S, 6 коморен систем, 70 мм широчина и 2 дихтунзи и
- WDS 8S, 6 коморен систем, 82 мм широчина и 3 дихтунзи.
WDS профилите го поседуваат интернационалиот сертификат ROSENHEIM.


СВЕТСКИ СТАНДАРДИ
Асортиманот на профилите и оковот постојано се менува и зголемува, приспособувајќи го на барањата на купувачите. Затоа БМГ Алуминиум во континуитет ги следи сите светки трендови во доменот на градежништвото, применувајќи ги во својата понуда. Во нашата продажна програма се застапени производи кои ги задоволуваат сите европски и светски стандарди и денес многу објекти во Македонија и поширокиот регион се изградени со профили, материјали и опрема кои ние сме ги увезле и пласирале на пазарот.
НАСТРЕШНИЦИ, ПЕРГОЛИ...
Покрај профилите за прозорци и врати БМГ Алуминиум може да се пофали и со богатата понуда на профили за изведување на најразлични надсрешници, перголи..., но и за изградба на структурални, полуструктурални и самовентилирачки фасади. Ние сме подготвени за решавање и на најкомплицираните технички барања, единствено што треба е да ни се обратите.


ШИРОКА ПОНУДА
Како што веќе спомнавме, во БМГ Алуминиум ги реализираме и специфичните барања на клиентите, давајќи им ја потребната техничка поддршка. Широката понуда што ја имаме е конципирана да им помага и на малите работилници, но и на големите играчи во сегментот градежна столарија, при што соодветна гаранција што им ја даваме за сите наши производи е посебен бонус за нив.
СЕНДВИЧ ПАНЕЛИ...
ASSAN PANEL
БМГ АЛУМИНИУМ е генерален застапик и на турската компанија ASSAN PANEL, лидер во прозиводството на ѕидни и кровни панели, со капацитет на прозиводство од 15.000.000 м² годишно. Панелите се со висок квалитет, прозиведени по европски стандарди, со сите потребни сертификати. БМГ АЛУМИНИУМ во секое време располага со залиха на кровни и ѕидни панели од 4.000 до 6.000 м2. Нудиме можност да нарачате панели со димензии според вашите потреби...

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Јадранска магистрала бр. 125,
Индустриска зона Визбегово,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia