Filters
Пребарување
ОРГАНИК НАР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ОРГАНИК НАР произведува вистински сок кој е совршена комбинација на органски одгледано овошје и процес на подготовка согласно врвните стандарди за квалитет. Палетата на производи на брендот ART JUICE се базира исклучиво преку производство на сок од свежо овошје, без конзерванси и адитиви.

ОРГАНИК НАР – САМО ПРИРОДНО!

Подетално за компанијата

100% сок од калинка

Срцевидната форма на едно од најстарите овошја во светот за уметниците со векови е симбол на среќата и љубовта. Нам нѝ е инспирација за нашата уметност во правењето сок. Нашиот избор се најубавите црвени зрнца полни здравје, свежина и сончевина. Во минатото калинката се сметала за овошје на вечниот живот. Во денешно време науката утврдува дека калинката може да се поврзе со бројни придобивки за здравјето и за добросостојбата на човечкиот организам. Во ART JUICE ги спојуваме верувањата и знаењето.

organik-nar-clubeconomy

ART JUICE

ART JUICE е спој на совршениот облик на калинката, црвените зрна и сончевите зраци впиени во нив.

ART JUICE е нашата уметност со вкус на калинка и допир со најљубовната црвена боја.

ART JUICE е нашата желба за природно овошје и еснафски подготвен производ.

ART JUICE е произведен од најубавите калинки од топлиот југ, без адитиви и додатоци. Сокот е направен само од зрната на калинката, без останатите делови од плодот. Ние ги избираме најубавите зрнца полни свежина, сончевина и здравје. ART JUICE e богат со витамини и е корисен за кардиоваскуларниот и нервниот систем. Силното антиоксидативно дејство ја подобрува состојбата на кожата, меморијата и функционирањето на целокупниот метаболизмот.

ART JUICE е вистински сок кој е совршена комбинација на здраво овошје и професионален процес на производство согласно врвните стандарди за квалитет.

organik-nar-clubeconomy
organik-nar-clubeconomy

ОРГАНИК НАР

ОРГАНИК НАР, производителот на ART JUICE, е семејна компанија чии први плодови се сочните калинки израснати на сопствените насади распослани во недопрена природна средина на југот на Македонија. После неколку години занимавање со одгледување калинки, компанијата започна со производство на природен сок од калинка со уникатен освежувачки вкус и автентична арома.

Палетата на производи на брендот ART JUICE се базира исклучиво преку производство на сок од свежо овошје, без конзерванси и адитиви. ОРГАНИК НАР произведува вистински сок кој е совршена комбинација на органски одгледано овошје и процес на подготовка согласно врвните стандарди за квалитет.

ОРГАНИК НАР – САМО ПРИРОДНО!

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Маршал Тито бр. 21, 1484 Богданци
Град: Богданци
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)72/238 370

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа